Утринските мачнини најчесто се појавуваат во првите три месеци од бременоста. Еве ви пет совети како да се борите против оваа непријатност во бременоста.

Бременоста е друга состојба и вашето тело се менува за да создаде прекрасен нов живот. Она што не е толку прекрасно се утринските мачнини кои често ја придружуваат бременоста. Мачнините се доста честа појава, но исто така можат да бидат и различни. Почнуваат приближно околу 6. недела од бременоста, а најлоши се во 8. и 9. недела.
На некои жени им е лошо наутро, на некои навечер, а често се случува да имаат мачнини и во текот на целиот ден, кои може да бидат придружени со повраќање. Еве неколку проверени начини како да ги спречите или олеснете и првиот триместар од бременоста да ви биде пријатен.

1. Јадете помалку, но почесто

Кога стомакот е празен, желудочните киселини нема од што да се „нахранат“ освен од слузницата на желудникот која ги предизвикува мачнините. Од друга страна, ако јадете премногу, ќе го оптоварите дигестивниот систем, кој исто така може да направи да имате мачнини. Најдобра одбрана е да имате полн стомак во текот на целото деноноќие, но без претерување. Правилото е: мали оброци и мали залаци.

2. Ѓумбирот како помош

Ѓумбирот е традиционален кинески лек за утринските мачнини, а неговата ефикасност се докажала и преку истражувања, како и од искуствата на многу трудници. Или земајте 1/8 лажичка ѓумбир во прав три до четири пати на ден или сварете чај, ставете неколку парчиња свеж корен и варете го во вода, а од помош може да ви биде и зашеќерен ѓумбир.

3. Хидратацијата е многу важна

Звучи како совет кој не ни треба да се дава, но кога твојот желудник исфрла сè што влегло во него, голем напор е потребен за да се испиете 8 чаши вода на ден. Многу е важно да внесувате течности бидејќи колку повеќе дехидрирате, толку полошо ќе ви биде. Пијте ладни и незасладени пијалаци меѓу оброците. Ако ви е мачно и од вода, пијте голтка по голтка.

4. Малку легнете и одморете се

Понекогаш најдобро решение е она наједноставното. Пробајте да лежите и затворете ги очите, неколку пати вдишете длабоко и одморете се. Стресот и уморот можат да ги влошат мачнините. Одморете се и отпуштете се кога ќе можете.

5. Јадете храна полна со витамин Б

Јадете едноставна високопротеинска храна која е богата со витаминот Б, како што е оревот. Дневна потреба на трудниците за овој витамин е 1,9 милиграм, а за намалување на мачнините и гадењето се препорачуваат по 25 милиграма трипати на ден.



912

X