За многу мажи татковството е еден од најважните моменти во животот. Татковците поставуваат цел да бидат најдобрите родители, да ги заштитуваат, да обезбедуваат добри услови и да ги одгледуваат своите деца. Денес татковците поминуваат 3 пати повеќе време со своите деца отколку претходните генерации, па време е да се престане со зборувањето дека тие се само дадилки или помошници на мајките – тие се партнери и родители.
Ова се неколку од славните татковци што докажуваат дека можат да бидат задолжени и за забавниот дел и за основните обврски.
Карлос Пена Вега
Поранешниот актер во серијата „Биг тајм раш“ на „Никелдеон“ е страстен татко на неговите два сина Оушн и Кингстон. По раѓањето на неговиот помал син Кингстон, во 2019 година, Пена Вега го користи својот „Инстаграм“ за да ги покаже важните моменти на татковството, вклучувајќи и фотографии за спомени.
– Морав да му кажам дека му е роденден на нашето куче за да ги направам овие фотографии, па изгледа денес му е неофицијален роденден на Саша – напишал актерот под фотографијата.
Расел Вилсон
Квотербекот и сопруг на Сиара е татко на две деца, а со сопругата го чекаат и третиот син. Во издание на британскиот „Вог“ неговата сопруга ја потенцира важноста од присуството на позитивна татковска фигура за децата.
– Синот ќе види како неговиот татко третира жена, а ќерката ќе види дека сте сакана. Јас сум татина ќерка, а љубовта на мојот татко ме спаси во ситуации во животот кога веројатно би отишла по погрешниот пат – рекла познатата пејачка.
Во оваа фотографија Вилсон споделува момент со својата ќерка и посинокот, на нивен семеен собир, покажувајќи дека семејството за него секогаш е на прво место. „Нема потреба од наслов“, напишал Вилсон.
Стив Кази
Актерот и пејач Стив Кази ужива во секоја секунда од татковството. Откако го доби своето прво дете со сопругата Џена Диван во март, Кази постојано покажува колку е среќен и горд. Споделил фотографија со неговиот 4-месечен син на „Инстаграм“, а под неа ја искажал својата љубов за Кејлум и неговата посветеност на татковството.
– Ова малечко срце. Ми дава сè и ветувам дека јас ќе дадам сè од себе за ова срце да чука силно и да сјае најсилно – напишал Кази.
Џејмс ван дер Бик
Овој актер споделил фотографија од својата најмала ќерка, 2-годишната Гвендолин.
„Помага кога знаеш кој е шефот“, напишал Џејмс под фотографијата на која ја носи ќерка си на своите рамена. Откако неговата сопруга се соочила со спонтан абортус претходниот месец, Џејмс сподели искрена објава на социјалните медиуми за нивниот фокус кон заздравување на скршените срца.
„Како да се грижиме повеќе едни за други? За сите семејства што поминале низ ова… не сте сами“, напишал Џејмс. Џејмс останува силен татко кој целосно е посветен на давање љубов на своето семејство и покрај сите препреки.
Стеф Кари
Спортистот и сопруг на готвачката Аиша Кари докажува дека е посветен на поминување време со своите деца. Откако претрпе повреда во март, Стеф изјавил дека се радува што ќе може повеќе време да поминува со своите деца.
– Ќе го правиме сето она што отсекогаш сум сакал да го правам, ќе ги носам на училиште, ќе ги земам, ќе одиме на сите други активности. Моите ќерки играат фудбал, се занимаваат со спорт. Едноставно ќе бидам на секој настан без изговор дека морам да бидам на друго место – рекол Стеф.
Автор: Ајана Херндон
912