За да ја исчистите куќата од бактерии, вируси, односно од изворот на можна повторна зараза, важно е по болеста да се измијат и дезинфицираат следните места

Кваки

Нашите раце постојано се во акција и затоа се најчести преносители на бацили. Дури и со редовно миење на рацете нема целосно да ги отстраните сите бактерии или вирусот и затоа е потребно да ги измиете сите места што ги допирате со раце, а особено кваките на вратите.

Крпи и облека

Сè што било во контакт со телото во текот на болеста треба да се измие во врела вода која ќе ги убие непоканетите гости. Крпите исперете ги на 90 степени, а облеката исперете ја и дезинфицирајте ја со посебни средства.

Далечинското

Кога сме болни, најмногу време поминуваме во кревет или на кауч, и тоа во друштво со телевизорот. Додека ги менувате програмите, на далечинското оставате вируси и затоа редовно дезинфицирајте го далечинското и во текот и откако ќе помине болеста.

Играчки

Ако еден член од семејството има грип, придружен со стомачни тегоби, веројатно нема да помине долго време пред друг член да се разболи. Децата најбрзо и најлесно се заразуваат меѓу себе и затоа е важно редовно да се дезинфицираат и да се мијат детските играчки. Секако, не заборавајте ги кадифените играчки.

Четки за заби

Повеќето предизвикувачи на болести, освен на рацете, се наоѓаат во устата. Бидејќи четките за заби на целото семејство најчесто стојат во една чаша, не е лошо да се заменат сите четки. Но, секако, барем заменете ја четката на тој што бил болен зашто преку неа вирусот може да се врати и повторно да предизвика болест.



912

X