Игротека

5 причини зошто е супер да си зимска трудница

Не постои „вистинско време“ за бебе. Исто како што нема вистинско време, така и нема најдобро годишно време за бременост, а секоја доба си има свои предности.

Кога ќе дознаеш дека си бремена, една од главните работи на кои им се радуваш е терминот за раѓање на бебето. Веројатно не размислуваш за годишното време во кое си на почетокот, на средината или на крајот од бременоста. Секое годишно време има свои плусеви и минуси, но да се биде „бремена жена во зима“ има низа предности. Не мораш да се грижиш како ќе го преживееш жешкиот и запурен ден, нема потење, а што е најважно – нема раѓање по најголемите горештини. Сепак, не лажете се, постојат и извесни недостатоци. Не е лесно да се оди по замрзната улица со мевот „до забите“, па освен што не ја гледаш улицата по која одиш, не е лесно ниту да балансираш. Но, не е сè толку црно, па затоа нотираме шест позитивни факти околу зимската бременост:

1. Воопшто не е толку студено

Благодарение на малечкиот „радијатор“ кој живее во твојата матка, веројатно нема го почувствуваш студот оваа зима. Може да биде и најстудената зима во последните десет години, но тебе веројатно ќе ти биде топло во текот на целата сезона. Сите околу тебе ќе бидат завиткани во џемпери, зимски палта, шалови и капи, а ти ќе бидеш само лесно наметната со палто. И не очекувај твојот партнер, семејството и колегите да имаат разбирање кога ќе го отвораш прозорецот за малку да се разладиш. Тие ќе се тресат покрај радијаторот.

2. Хибернацијата не е само за мечките

Зимата е вистинско време за бременост бидејќи не мора да се грижиш за излегување. Не мора да имаш грижа на совест што ќе останеш дома кога надвор ќе биде сончево, бидејќи сонце речиси и нема да има – само дожд, снег и студени ветришта. Нема да пропуштиш излет, правење скара во природа. Сите пријатели исто така ќе бидат затворени во своите четири ѕида. Кој сака да излегува надвор кога е студено и влажно? Никој!

3. Неодоливи супи

Иако ни звучи чудно, во зима има побогата храна што можеш да ја консумираш. Разни супи од зеленчук и варила се само некои од ставките на листата со јадења. Во нив можеш да уживаш без грижа на совест бидејќи знаеш дека бебето добива врвни нутритиенти кои се потребни за правилен развој. Освен тоа, ќе те загреат – и затоа се совршена храна за уживање во острите зимски вечери. Тука е и топлото чоколадо – не за вечера, но дефинитивно еден од „петте оброци“ на ден. Тоа може да биде совршена алтернатива за чаша варено вино.

4. Штом ќе се стемни – в кревет

Во лето едноставно е тешко да се оправда одењето на спиење во 20 часот. Но затоа во зима, испружете се во креветот веднаш по вечерата. Сепак, надвор е темно веќе со часови.

5. Палтата сокриваат многу работи

Сите имаат потреба да те галат и да те допираат по стомакот, но во зима го нема тоа. Палтото сокрило сè! Дали стомакот е премал или преголем? Дали е високо или ниско поставен? Луѓето едноставно имаат чудна потреба да гледаат и да го коментираат твојот стомак. За твоја среќа, зимата значи дека твојата бременост ќе помине инкогнито.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top