Секој родител сака да воспита дете со совест – што ќе постапи правилно дури и кога никој не гледа. Но, кога патот е поплочен со сајбер-булинг, мамење и други ризици, довербата во детето дека ќе биде совесно може да биде разнишана. Добрите вести се дека студиите покажуваат оти децата имаат силно чувство за тоа што е добро, а што лошо во раните години, а родителите имаат големо влијание врз она што децата го учат како добро однесување. Отворена комуникација, примери, начини за потенцирање на добрите вредности – ова се начините за создавање одлична основа за одгледување дете со совест, онлајн и офлајн.

Децата имаат допир со технологијата уште од најрана возраст, но многу е важно да создадат способност за емпатија, интегритет и расудување, особено на дигиталните платформи. Ризиците во онлајн светот се големи, па затоа најдобро е детето да има водство од ваша страна за да остане безбедно. Има неколку начини да воспитате дете со силна совесност:

Покажување филмови со богати ликови (во смисла на карактер) и ТВ-емисии

Изберете филм или серија која промовира емпатија, благодарност и интегритет. Потоа зборувајте за тие карактеристики и како вашето семејство може да се фокусира на нивно зајакнување.

Споделувајте мотивирачки, инспиративни вирални видеа и цитати

На социјалните мрежи има многу нешта, но има и навистина вредни моменти кои се споделени и вреди да се изгледаат. Приказни за љубезност, помагање, позитивност на дело се нешта што децата треба да ги проследат за да извлечат поуки.

Прашувајте ги за нивните онлајн искуства

Тинејџерите во голема мера ги користат социјалните медиуми, како и многу други апликации. Прашувајте ги децата за тоа што го сведочат, како се чувствуваат за тоа и дали негативните коментари им влијаат да се однесуваат на одреден начин – добро или лошо. Зборувајте за изборите што ги прават во реалните и онлајн животите. Поставувајте прашања како: „Што би направил ако твој пријател доживува сајбер-булинг?“, „Ако некој те вознемирува онлајн, како би реагирал?“, „Која е најубавата порака што си ја добил?“, со цел да го мотивирате детето да размислува за одговорностите што ги имаме и кон другите во дигиталните средини.

Развивајте добро спортско однесување

Многу деца се угледуваат на спортисти. Ако вашето семејство сака да гледа спорт, тогаш потенцирајте кога спортистите се однесуваат фер и со почит на терените. Некогаш има и агресивно однесување, па прашајте ги децата на кои спортисти се угледуваат и восхитуваат и зошто.

Побарајте позитивни медиумски луѓе за примери

Славните личности се многу влијателни, па прашајте ги децата кого следат и зошто. Зборувајте за она што тие личности го објавуваат. Споделувајте позитивни примери со вашите деца, приказни кои инспирираат и слично. Поставувајте прашања како: „Дали забележа нешто несоодветно во објавите на славните лица?“, „Што мислиш дека е во ред да се објавува, а што треба да остане приватно?“, „Кој има најдобар профил и зошто?“

Автор: Каролин Нор

Извор



912

X