Секое трето дете има одреден вид расеано внимание, тврдат експертите. За детето да биде концентрирано на извршување на домашните или куќните задачи, потребна е вежба. Сте забележале дека детето е немирно, отсутно, нефокусирано. Почнете да работите со него едноставни и интересни вежби кои ќе му помогнат да остане што подолго концентрирано. Тоа нека биде помеѓу 11 и 12 часот или 17 и 18 часот, бидејќи во тој период концентрацијата е најдобра

Пречки

Детето треба да ја пишува домашната задача во исто време и на исто место. Ограничете ТВ и игри за да не му пречат.

Игри на запазување

Дајте му на детето некој предмет и кажете му внимателно да го набљудува 5 минути, потоа предметот отстранете го и кажете му да го опише колку што е можно попрецизно. Или дајте му да набљудува слика.

Нека ја гледа сликата, па нека прераскаже што видело.

Поставувајте му прашања, на пример, колку луѓе има на сликата, колку прозорци и слично. Почнете од наједноставните, па зголемувајте ја тежината на прашањата. Вклучете различни задачи на запазување, разлики помеѓу два цртежи, што недостига…

Вежби со набројување

Правете вежба со набројување животни – оние што имаат крилја, опашка, овошје и зеленчук. Детето нека брои наглас од 1 до 100, а потоа наназад. Првата вежба ја јакне меморијата кај училишните деца. Читајте наглас, па препрочитувајте.

Селекција на предмети

Сортирајте коцки или кугли според големина и боја, собирајте костени или камчиња. Детето нека ви помага во селекцијата на садови или облека. Нека ги трга своите играчки. Со внимание малите деца треба да работат 10 минути, а следната недела зголемете го времето на 15, па на 20 минути.

Читајте заедно

Читајте заедно, а подоцна разговарајте за она што сте го прочитале. Најдете цртеж кој има многу детали и натерајте го детето заедно да го боите, бидејќи така ќе ја зајакне концентрацијата. Нека решава судоку, нека игра шах или пинг-понг. Вклучете и игри со песок и пластелин.

Извор



912

X