Можете да зборувате колку сакате, но повеќето од работите децата ги учат гледајќи ве вас. Затоа немојте да ги правите овие грешки:

1. Се тешите со храна

Ако храната е ваша утеха кога сте тажни, изморени или разочарани, на детето ќе му пренесете порака дека само храната ве прави среќни. Наместо тоа, покажете му дека можете да се расположите на поздрави начини: разговарајќи со пријателите, шетајќи, играјќи со децата…

2. Се критикувате

Кога се критикувате поради изгледот, детето тоа си го преведува вака: „Значи, мојата самодоверба зависи од тоа како изгледам или како ми стојат панталоните“. Како последица на тоа, детето ќе бара несовршености во сопствениот одраз во огледалото, што би можело да резултира со сериозни проблеми во годините што доаѓаат. Затоа подобро фокусирајте се на позитивни коментари.

3. Премногу време поминувате на мобилниот

Во еден момент почнува да оди на нерви фактот дека нашето дете постојано зјапа во мобилниот телефон. А притоа забораваме од кого го научило тоа. Детето нема да ве сфати сериозно ако му се заканите со одземање на телефонот, па веднаш потоа вие зјапате во вашиот и „исчезнувате“ на час-два.

4. Ги истакнувате материјалното и површното

Сите девојчиња сакаат да се облекуваат во костими и да организираат чајанки за своите кукли. Но, внимателно со тоа! Подобро е со вашето девојче да излезете на прошетка, на возење велосипед или заедно да се занимавате со некој спорт. Така ќе научи дека да се биде женско, значи да се биде силна, здрава и активна. Исто така, сетете се да му упатите пофалба на своето девојче дека е паметно, а не само да го пофалувате за начинот на кој изгледа или како се однесува.

5. Премногу сте натпреварувачки расположени

Немојте на детето да му зборувате дека Перо, Ана или кој било друг прави нешто подобро од него. Кај детето нема да го поттикнете натпреварувачкиот дух, туку мислењето дека она што го прави не е доволно добро. Секогаш упатете му пофалба на детето дека дало сè од себе. Уште подобро: помогнете му во активноста што ја сака, тренирајте заедно за да биде колку што може подобро во тоа. Така кај детето ќе развивате здрава самодоверба.

Извор



912

X