Некои родители прават грешки во одгледувањето на синовите поради кои тие подоцна не израснуваат во стабилни возрасни мажи. Кои правила треба да се почитуваат во текот на одгледувањето синови? И што треба да избегнуваат родителите кога одгледуваат синови? Признати психолози откриваат 5 катастрофални грешки.

1. Претерана нега

Мајките сакаат да се грижат за своите синови, да жртвуваат сè за своите деца и многу се горди на тоа. Но, оваа тактика на однесување на мајките е опасна за идните мажи. Ако мајката секогаш одлучува наместо нејзиниот син, напорно работи за него, го штити од сè, тој ќе порасне во несигурен маж кој ќе верува дека сите околу него му должат нешто и дека сите треба да го спасуваат. Родителите секако треба да водат сметка за своите деца, но истовремено не смеат да ја намалуваат независноста на децата. Вистинската љубов е прифаќање на личноста со сите нејзини позитивни и негативни особини. Синовите не треба претерано да се штитат, треба да се пуштат да поминат низ некои тешкотии и да стекнат сопствено искуство. Тоа не значи дека родителите не треба да учествуваат во одгледувањето на своите деца, туку да ги учат како се постапува во одредени ситуации – но тие сето тоа мораат самите да го искусат.

2. Обидот мајката да го замени таткото

Многу мајки денес одгледуваат деца сами и се обидуваат да ги заменат двајцата родители. Но, колку и да ги сакаат, мајките мора да сфатат дека тие не можат да бидат татковци. Тие мора да останат такви какви што се и какви што треба да бидат за да не се наруши детскиот концепт за маж. Уште една вообичаена ситуација е кога жените се обидуваат да пронајдат замена за биолошкиот татко и одбираат кој било друг маж, не мислејќи дека тоа негативно ќе влијае врз детето.

3. Приговарање за секоја грешка

Момчињата често се немирни и љубопитни и уште од рана возраст се обидуваат да ја покажат својата независност. Но, многу родители грешат што на детето му приговараат и за најмала грешка. Ситуациите кога родителите не веруваат во зборовите на своето дете се особено лоши, таквото воспитување ја убива детската верба во сопствената сила, но ја поткопува и детската доверба во родителите. Возрасните мора да имаат на ум дека на детето му е потребно прифаќање и сочувство, дека има право да греши, како и секоја друга личност. Ако детето се однесува лошо, не треба постојано да го критикувате, туку да разговарате за последиците од неговото однесување. Исто така, важно е детето да го пофалите за неговиот успех – а тоа е најефикасниот начин да го поправите неговото лошо однесување.

4. Забрани

Сосема е нормално децата да ги интересираат мотоцикли, скејтборди и други работи што ги плашат родителите. Мажите се развиваат тогаш кога имаат можност да се испробаат во различни работи. Ако родителите ги потиснат природните интереси на детето, можат да го уништат својот син, а последица е неисполнето дете и незадоволно од себе и од целиот свет. Се разбира, тоа не значи дека треба да поттикнувате целосна слобода на детето, особено на тинејџерот да му овозможите да се вклучи во различни опасни ситуации, но морате да го научите да преземе одговорност за своите постапки, да биде организиран и дисциплиниран. Многу е корисно од 4-5 години детето да се вклучи во домашните обврски (местење кревет, средување играчки), но и во роботика, снаоѓање во природата и различни други активности.

5. Недостиг на добар личен пример

Децата ги имитираат своите родители, но возрасните често го забораваат тоа. Така како што таткото постапува со мајката, така и момчето ќе се однесува кон девојките кога ќе порасне. Ако мајката не покажува почит кон таткото, а тој тоа го толерира, и момчето кога ќе порасне ќе им го дозволува истото на девојките. Никакви совети и убедување во нешто друго нема да му помогнат на момчето ако расте во средина каде што односот помеѓу мајката и таткото е тежок. За синовите е многу важно да ја почувствуваат безграничната љубов од својата мајка, како и поддршката од својот татко.

Извор



912

X