м-р Адмир Б. Косоврасти, лиценциран психолог

м-р Адмир Б. Косоврасти, лиценциран психолог

тел. 070 241 807

Повеќе од авторот

Многу е важно да се обрне внимание на секоја акција на децата за да откриете дали сè оди добро со нивниот ментален развој

Секој родител е загрижен кога неговото дете покажува абнормално, агресивно или непожелно однесување. Но, родителите честопати забораваат дека психологијата на детето е толку сложена, што се потребни трпеливост и време за да се разбере каква порака всушност испраќа неговото однесување. За ова и за градење ефективна комуникација со децата, потребно е да се знае кои однесувања се типични или детето има емотивни и психолошки проблеми.

Недостиг на распоред за спиење

Спиењето не е процес кој е обожаван и многу посакуван кај децата бидејќи сакаат да најдат изговори за да останат будни уште неколку часа. Дете на кое му недостига спиење и одмор не е среќно дете и плаче за најситни банални детали, затоа продолжувањето и одложувањето на спиењето само затоа што вашето дете ве моли, или дури и затоа што сè уште имате недовршена работа, претставува причина за детето да биде раздразливо.

Лош став

Лошиот став кој родителот му го пренесува на детето е во корелација со градење негативни ставови кај него. Не потценувајте го своето влијание врз вашето дете, ако сакате среќни деца, бидете родител што шири позитивна енергија.

Недостиг на контакт со очите

Едноставен контакт со очите и времето што им го посветуваме на децата може да направат чуда и да ја смират напнатоста во различни ситуации кога детето „пука“. Покрај тоа, неопходно е времето што го поминуваме со децата да не се троши на паралелни активности, како мобилен телефон или некоја друга активност, туку целосно да сме посветени на моментот и на содржината. Децата го заслужуваат нашето целосно внимание.

Не поткрепувајте го бесот

Никој не сака да го слуша детскиот плач, хистерија и напади на бес. Сите можеме да се согласиме дека таквата реакција и плачот се едни од најстрашните звуци во универзумот. Полесно е да се задоволи потребата на детето отколку да се слуша целата таа драма, но со тоа ние само ја поткрепуваме агресивноста и ги учиме децата на такво дејствување – дека со хистерија, бес и плач можат да добијат што сакаат. Децата учат брзо и веднаш ќе сфатат дека е доволна само една бесна реакција за да го добијат она што го сакаат, па затоа е најдобро да ја издржите нивната реакција, а не да ја поткрепувате.

Не расправајте се пред децата

Детската психологија е под големо влијание на односот што родителите го имаат меѓу нив. Доколку има фрустрирачки однос меѓу родителите, тоа се одразува, т.е. има многу негативно влијание врз децата, но ако е спротивно, тоа влијае врз нормалниот развој на детето. Родителите треба да се обидат да избегнат расправии пред децата ако сакаат да имаат нормален ментален развој.

Многу трауми или настани што луѓето ги доживуваат во текот на своето детство ги придружуваат во текот на животот. Многу луѓе ѝ ја придаваат неопходната важност на психологијата на децата, но многумина дури и не се грижат за тоа, дури ја нарекуваат небитна. Студиите покажуваат дека дури и најмалите и навидум незначајни елементи имаат исклучително големо влијание врз животот на децата. Многу е важно да се обрне внимание на секоја нивна акција за да откриете дали сè оди добро со менталниот развој на детето или не. Редовната посета на психолог е една од постапките што секој родител треба да ги направи за своето дете, така што ќе може да открие дали развојот на детето е нормален или постои причина за грижа.



912

X