„Светот на Биби“ е колекција од едукативни и забавни игри со ликот на Биби и е наменета за деца на возраст од 2 до 8 години

За само две недели од промоцијата, едукативната апликација „Светот на Биби“ достигна 5.000 преземања. Од вчера има и нова игра – „Подреди ја азбуката“ со која децата ќе може да го вежбаат и учат редоследот на буквите во македонската азбука. Наскоро ќе излезе и верзија за корисниците на iOS.
Едукативната апликација е достапна на Google Play. Омилениот лик на детската публика – Биби им помага на децата да ги учат буквите, да ги препознаваат…

„Светот на Биби“ е колекција од едукативни и забавни игри со ликот на Биби и е наменета за деца на возраст од 2 до 8 години. Во развојот на оваа апликација го запазуваме и социјалниот момент и го ограничуваме времето достапно за игра во текот на денот. По истекот на времето апликацијата се заклучува и станува достапна за користење наредниот ден. Токму Биби им се обраќа на децата и им кажува дека е време за дружење со другарчињата, семејството.

Апликацијата e достапна ОВДЕ



912

X