Мајка на четворка детално го објаснила нејзиниот хаотичен животен стил, кој се состои од 40 дремки и 32 шишенца дневно. Сантина Монреал (37) добила 4 бебиња со ин витро оплодување, со нејзиниот сопруг Адриан (37), во јануари годинава. Има две момчиња и две девојчиња, Себастијан, Ејден, Севила и Ариа.

Оттогаш тие се приспособуваат на тоа дека се семејство од 6 члена, а нивниот распоред е навистина напорен. Зафатената мајка го почнува денот во 3 часот наутро за да измолзи доволно млеко пред да оди на спиење до 6 часот наутро, кога повторно се буди за да ги нахрани децата и да се подготви за работа. За среќа, нејзиниот сопруг ги храни во текот на денот пред таа да се врати во 19 часот со уште една рунда млеко за доење.

Сантина, менаџер за недвижности од Калифорнија, вели: „Ги хранев на секои 3 часа. Беше исцрпувачко. Користевме 32 шишенца дневно и околу 40 дремки. Сега сме сведени на 20 шишенца дневно – што сѐ уште е многу. Исцрпувачко е, но и остварување на сонот бидејќи сум мајка на 4 прекрасни бебиња“.

Семејството троши над 100 долари неделно на 5 големи пакети адаптирано млеко. Машината за перење постојано работи бидејќи, како што вели мајката, настанува неред по секое хранење. Како што бебињата растат, треба да се троши повеќе и на нова облека за нив. „Само што купив пижами за момчињата и тие веќе почнуваат да ги надраснуваат“, вели Сантина.

фото извор: Santina Monreal / SWNS

Инаку, Адриан работи како брокер за осигурување. Но, без разлика на тоа што животот им е презафатен, тие не се жалат. Претходно потрошиле многу повеќе пари за Сантина да остане времена. Во 2017 зачнала природно, но имала спонтан абортус. Имала интервенција, па потоа повторно се обидувале. Повторно изгубиле уште едно дете и по 5 неуспешни оплодувања, се решиле да се обидат уште еднаш. Биле пресреќни кога последниот обид бил успешен и Сантина забременила. „Да се има 4 деца е навистина интересно и бара многу енергија. Но, не би го променила ова за ништо. Тие се големо чудо.“

Во бременоста со четворката таа имала крвавење, но по прегледите се утврдило дека сѐ е во ред. Тогаш и дознала дека всушност носи 4 бебиња. Била набљудувана за време на целата бременост.

„Бев преплашена дека можеби ќе ги изгубам“, се сеќава таа.
Во 28. недела била примена во болница кога едно од бебињата имало проблем со дотокот на крв. Ѝ било кажано дека едното бебе е во ризик, па дека треба да ја породат. Успеала да издржи додека да влезе во 31. недела. Брзо ја однеле на царски рез и на крајот се родиле четирите бебиња во добра состојба. Останале 9 недели во неонаталниот оддел во болницата за да зајакнат, а потоа биле пуштени дома.

„Веќе почнуваат да си ги покажуваат своите темпераменти и карактери и навистина се неверојатни“, заклучила мајката.

Автор: Ема Дун

Извор



912

X