Воспитување

4 ситуации во кои родителите мора да му дозволат на детето да погреши

Ако не сте почувствувале неуспех, никогаш нема да успеете – толку вистинита реченица, но повеќето од нас сепак се плашат од неуспех без разлика што на крајот може да ни донесе добро. Па така, мораме да си дозволиме неуспех и грешки, но исто така и на нашите деца. Во следните 4 ситуации родителот треба да му дозволи на детето да погреши бидејќи само така ќе учи за животот и подобро да се снаоѓа.

Погрешни пријатели

Речиси секое дете има пријатели за кои неговите родители знаат дека немаат добро влијание, но сепак не би требало премногу да се мешаат во неговиот избор. Децата, особено во средно училиште, пробуваат пријатели баш како што пробуваат и различни личности во потрага за сопствениот идентитет. На тој начин учат не само за пријателствата, туку и за различните типови и профили на луѓе.

Спортски и други натпревари

Натпреварите и таквите настани во кои учествуваат нивните деца, мајката и таткото би требало да ги доживуваат како да се баба и дедо, советуваат експертите. Што значи тоа. Бабата и дедото обично само сакаат да го видат внукот/внуката како настапува и учествува во натпреварувањето, додека родителите се вклучени и во успехот на детето. Ако од детето константно се очекуваат најдобри резултати, тоа ќе му создаде преголем притисок и ќе го оптоварува, па ќе изостанат забавата и искуството од учењето.

Домашни обврски

Детето некогаш мора да учи и од сопственото искуство и сопствените грешки. На пример, ако не ја наполнило правилно машината за миење садови, оние садови што не се добро измиени ќе мора да ги мие рачно. Ако не ги собрало валканите алишта и не ги ставило во корпата, па на училиште морало да оди со валкана маица, многу е веројатно дека следниот пат ќе постапи правилно.

Домашна задача

Оценките и учењето се важни и родителите мора јасно да му објаснат на детето што се очекува од него и да го поттикнат навремено да ги извршува домашните задачи, без разлика дали ќе ги напише пред вечера, во петок навечер, пред почетокот на викендот или каков и да е договорот. Сепак, на детето треба да му се дозволи да има барем делумна контрола над своите училишни обврски и да не се оптоварува постојано со сопствените очекувања. Ако не ја заврши домашната задача или не го научи материјалот, ќе мора самото да ги сноси последиците на училиште.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top