Игротека

4 работи што сте ги наследиле од својата мајка

Велат дека секоја жена со текот на времето се претвора во нејзината мајка и иако ова звучи како клише, изгледа дека во тоа има и некоја вистина.

Научно е докажано дека постојат некои работи што децата најчесто ги наследуваат од своите мајки, додека за татковците не е докажано слично влијание, а тука се сметаат и изгледот и однесувањето.
Откријте за што станува збор и проверете колку од тоа можете да примените преку сопствениот пример:

Интелигенција

Шансите да го наследете „паметот на мама“ се значително поголеми отколку да го наследите од тато.
Во истражувањето спроведено во Глазгов, во кое учествувале 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, повеќето испитаници имале ист или максимално 15 поени повисок, односно понизок коефициент на интелигенција во споредба со нивните мајки.

Навиките за спиење

Ако имате проблеми со спиењето, можен виновник за тоа е вашата мајка. Во стручното списание „Слип медисин“ во 2017 година е објавено истражување кое открива дека мајките често своите навики за спиење им ги пренесуваат на своите деца, така што децата чии мајки страдаат од несоница најчесто спијат помалку од другите деца. Научниците не забележале такви наследни особини од нивните татковци.

Младоликост

Ако вашата мајка е младолика, тогаш сте вистински среќници бидејќи имате големи шанси и вие така да изгледате кога ќе бидете на нејзини години.
Научниците од германскиот институт за биологијата на стареење „Mакс Планк“ докажале дека ДНК од митохондриите што ја наследуваме директно од нашите мајки може делумно да го контролира и начинот на кој старееме.

Менопауза

Голема е шансата да влезете во менопауза приближно на иста возраст како и вашата мајка. Истражувањето спроведено во 2011 година на британскиот институт за истражување на ракот, во кое учествувале над 2.000 жени, покажа дека предвремената или задоцнета менопауза, односно онаа што се појавува пред 45. година и по 55. година, може да биде наследна.

Жените чии мајки поминале низ таква менопауза имаат шестпати поголеми шанси дека ќе им се случи истото, за разлика од жените чии мајки имале менопауза во периодот помеѓу 45. и 55. година.

Поврзани написи

To top