Најдобрата пријателка знае како да нè мотивира и да ни даде безусловна поддршка. Само најдобрата пријателка со ентузијазам ќе помине бесконечно многу време на кафе со нас и ќе ја анализира секоја преживеана емоција со соодветни совети.
Мајчинството нè менува, без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не. Од моментот кога ќе дознаете дека сте бремени, вашиот живот почнува да се менува. Почнувате да читате книги за родителство и почнуваат да ве интересираат новите трендови за бебиња. Откако ќе станете мајка, ќе видите колку вашето време е ограничено. И токму поради овој факт новата фаза во вашиот живот уште повеќе ќе ве поврзи со пријателките што ве разбираат и ве сфаќаат. Дури и да не се видете две недели. Бидејќи времето ви е ограничено. Поддршката од некој што целосно нè разбира е најдобрата поддршка што можеме да ја добиеме. Еве четири причини зошто секоја мајка треба да има пријателки.

1. Не се вашата мајка

Колку и да ја сакате вашата мајка, мора да признаете дека понекогаш доаѓа до генерациски јаз. И тоа е нормално. Основните работи, како пелени и шишиња, не се слични со оние што ги користела вашата мајка. Вашите пријатели можат подобро да ве советуваат за работи за кои вашата мајка не ни размислувала. Можеби сакате да спиете во ист кревет со вашето бебе или да го носите во марама за бебиња, а вашата мајка ќе тврди дека бебињата треба да спијат во својот кревет. Да се биде мајка сега е многу посложено отколку што било порано, па затоа ќе ви требаат пријателки кои ќе ве потсетат дека не сте единствена што не ги исполнува очекувањата за идеалот совршена мајка.

2. Секогаш се искрени

Треба ли да поканите 100 луѓе за првиот роденден на вашето дете? Можете ли да го облечете црниот фустан, иако сè уште не сте ги изгубиле тие 8 килограми што ги добивте во бременоста? Пријателките ќе ви дадат чесен, но тактичен одговор. Ќе ви помогнат да сфатите што е примерно, а што не е, без да ви предизвикаат чувство на вина.

3. Знаат за што зборувате бидејќи и тие поминале низ истото

Одлично е кога имате на кого да му се жалите секој ден, односно имате „придружник во страдањето“, особено ако имаат деца кои се на слична возраст или се во иста фаза како и вашето дете. Но постои и дополнителен бонус, да имате пријателка чии деца се постари. Пријателките можат да ви помогнат и да ви откријат што да очекувате и како тоа да го решите. Пријателството кое започнува во паркот, често трае цел живот.

4. Ве разбираат на поинаков начин од вашиот партнер

Иако имате чувствителен партнер кој ве разбира и ве поддржува, кога ќе станете мајка некои работи и нему нема да му бидат јасни. Нема да ја разбере бурата од емоции низ која поминувате. Соочени се со непремостливите разлики меѓу половите кога зборувате за млекото кое постојано ви тече, потребата за шминка кога одите до продавница или за неспиените ноќи бидејќи воспитувачката во градинката вашата ќерка ја нарекла „плашлива“. Со пријателките не постојат граници за непријатни разговори. Можете за тоа да разговарате и со вашиот сопруг, но никогаш тоа нема да биде исполнувачки разговор во двете насоки, како со пријателките.

Затоа, чувајте ги вашите најдобри пријателки и негувајте ги вашите мали заеднички ритуали! Утринските разговори со кафе често нè мотивираат да оствариме големи дневни победи!



912

X