Татко и ќерка од Конектикат го минуваат времето во карантин оживувајќи некои сцени од нивните омилени филмови, а истовремено хранат илјадници луѓе низ Америка.

Дан Пресер и неговата 4-годишна ќерка Медисон почнале да ги создаваат познатите сцени од класичните филмови како „Убава жена“, „Госпоѓа Даутфаер“ и „Форест Гамп“ уште во март, кога почна пандемијата.

– Март и април беа навистина хаотични, имаше целосен карантин до точка до која не можевме да ги видиме ни соседите. Имавме чувство како денот да трае 72 часа, па затоа сакавме да најдеме нешто забавно што ќе го правиме со децата. Еден ден Медисон беше облечена како животно, па бидејќи го сака „Кралот лав“ одлучивме да снимиме сцена од паѓањето на Муфаса од карпата – вели нејзиниот татко.

Откако добиле позитивни повратни информации од семејството и од пријателите, на кои им се допадна видеото, таткото и ќерката одлучиле да направат повеќе сцени во нивниот дом и да ги споделат на интернет. Досега имаат направено 35 филмски сцени, собирајќи илјадници прегледи на „Јутјуб“ и „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

Thanks for all the donations ! Those who want to donate it’s in my profile @ozziespike @mad_about_barton

A post shared by Dan Presser (@djpresse) on

Некои од нивните најпопуларни видеа се сцената од „Титаник“ во која Џек ја нацрта Роуз како една од неговите француски девојки и друга од „Сјаење“ кога разбеснетиот писател ѕирка низ дупката од вратата.

На почеток целта им беше да се забавуваат, да потрошат време и да ги забавуваат другите луѓе. Но, како што видеата стануваа сè попопуларни, тие видоа можност да им се помогне на семејствата што се борат да врзат крај со крај во текот на карантинот.

Дан направил веб-страница за донации за „Фидинг Америка“ и ги прикачил нивните видеа. Досега таткото и ќерката успеале да соберат повеќе од 12.000 долари за непрофитната мрежа на банки за храна.

 

View this post on Instagram

 

@ozziespike @mad_about_barton Quarantine 2020 Productions Thanks for all the donations in my profile

A post shared by Dan Presser (@djpresse) on

– Во текот на првите неколку месеци беше навистина мрачно време, па затоа сакавме само да шириме радост и да ги насмееме луѓето. Откако направивме неколку видеа, мислевме дека е добра идеја да почнам да ја учам како да им помага на другите и да сфати дека не сите имаат среќа како нас – вели Дан.

Тој е ТВ-продуцент за И-ес-пи-ен и ги снима и уредува видеата со „ајфон“, додека неговата сопруга Бет Пресер дава идеи за костимите. Во сцените каде што е потребно плачење се приклучува и 21-месечниот брат на Медисон, Бартон.

Тие планираат да продолжат со снимање на сцените додека трае пандемија. Иако нема крај на повидок, тие имаат долга листа со класични филмови што ќе им помогнат.

Извор



912

X