Воспитување

4 добри причини за да им читате наглас на децата

Секојпат кога одвојуваме време да им читаме на децата, им даваме одличен подарок, но и создаваме придобивки за себе. Кои се, всушност, придобивките од читањето наглас?

За тоа не се потребни одредени вештини, само да знаеме да читаме. Но, има многу придобивки од тој процес, а еве ги 4. главни:

– Се зајакнува односот со детето благодарение на моментот на емоционална вклученост што се создава поради читањето, еден вид магичен меур во кој му го посветуваме целото наше внимание на детето и на она што го искусуваме. Исто така, физички сме блиску до детето: се чувствува безбедно, заштитено во нашата прегратка.

– Се развива лингвистичката интелигенција на детето преку дозволување да истражува нови светови и нивните значења. Иако детето не ги знае сите термини што ги користиме, преку помагањето да го збогати својот речник му се дозволува да ја развие имагинацијата.

Гласот игра клучна улога во читањето

– Се развива емоционална интелигенција бидејќи му се овозможува на детето да искуси нови ситуации во заштитен контекст и да провери како тие ликови се однесуваат, како се соочуваат со различни предизвици и како реагираат на она што им се случува. Ова им помага да станат покомпетентни и свесни за сопствените и туѓите емоции.

– Се подобруваат јазичните и комуникациските вештини: читањето наглас не само што е добро за децата, туку е добро и за возрасните. Ни дозволува да ја подобриме техниката на читање, да се зголеми лингвистичката и комуникативната компетентност.

Во сето ова, гласот игра клучна улога во читањето. Како што објаснува италијанскиот научник и тренер Андреа Бордин (кој ја развил „НеуроВојсКолорс“ методата): „Сите можеме да станеме свесни за моќта на нашиот глас, за да можеме најдобро да го искористиме за да ги пренесеме посакуваните емоции на другите. Во срцето на методата се експресивните параметри на гласот: соодветно калибрирани, тие се способни да ја пренесат посакуваната емоција.“

На која возраст можеме да почнеме да им читаме на нашите деца?

Може да се започне уште од гестацискиот период. Всушност, сетилото за слух е едно од првите сетила што се развиваат и веќе во таа фаза ни дозволува да ги разликуваме звуците кои имаат комуникациска вредност (гласот на мајката или таткото) од звуците што немаат таква вредност (на пример, свирење на автомобил или врата која се затвора). Пренаталното читање е здрава навика која треба да ги постави основите на емоционалната врска со мајката и таткото.

Кога треба да престанете?

Важно е да не престанете да им читате наглас на децата дури и кога ќе научат да читаат независно: така ќе развиваат љубов кон читањето и подобрувањето, стимулирајќи ги да го перципираат читањето како семејна активност, дел од нивниот секојдневен живот.

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top