Воспитување

35 прашања за подобро да ја запознаете вашата мајка

Таа ве одгледа, безусловно ве сака и секогаш ќе ве заштитува, а дали ги знаете овие работи за неа? Време е за разговор со мајката кој дополнително ќе ве зближи!

Односот со мајката е еден од најважните во нашиот живот. Таа најчесто со нас ги поминуваше непреспиените ноќи, се грижеше за нас и кога не знаевме и кога мислевме дека тоа ни смета. Како што девојчињата се претвораат во тинејџерки, а потоа во млади жени, би требало повеќе да зборуваат со мајката и да научат од неа сè за животот воопшто, но и за нејзиниот живот.

Дали знаете која ѝ е омилена песна? Што се заколнала дека нема да направи? Што памети во врска со денот на вашето раѓање? Време е за разговор со мајката!

Нејзиното детство
Веројатно сте виделе слика од својата мајка кога била мала, но еве прашања што можете да ѝ ги поставите за дополнително да се запознаете со нејзиното детство.

1. Кое е едно од твоите најрани сеќавања?
2. Најголемата беља што си ја направила?
3. Каков бил твојот однос со родителите?
4. Кога си била мала, што си сакала да станеш кога ќе пораснеш?
5. Каков бил твојот однос со родителите?
6. Кој ти беше пример?
7. Која ти беше најдобра другарка? Дали сè уште сте во контакт?
8. Дали твоите родители правеле нешто за што ти си се заколнала дека нема да го правиш?

Нејзиниот живот пред тебе
Кога вашата мајка била заљубена тинејџерка, вработена на првото работно место, невеста или уште нешто, ќе ви открие по овие прашања!
9. Што отсекогаш си сакала да направиш, а не си стигнала или не си можела?
10. Што најмногу ти се допаѓаше на твоето работно место, а што те нервираше?
11. Какви беа твоите врски пред тато?
12. За што најмногу се каравте ти и тато?
13. На што со најголема радост се сеќаваш од твојата венчавка?

Мајка и дете
Од вашата мајка ќе добиете најскапоцени совети дури кога ќе стане баба, ама еве уште прашања што можете да ѝ ги поставите, а се поврзани со мајчинството.

14. Кога знаеше дека сакаш да имаш деца?
15. Како изгледаше денот на моето раѓање?
16. Како изгледаше првата година од родителството? Што ти беше тешко, а што лесно?
17. Како беше да си невработена мајка во твое време?
18. Што најмногу те фрустрираше додека растев?
19. Кога најмногу те изнервирав додека бев мала?
20. Која моја особина најмногу си ја сакала тогаш?

Незгодни прашања
Ова е вашиот момент да се зближите, па немојте да го потрошите залудно. Проценете ја ситуацијата и на мајка ви можете да ѝ поставите прашања што инаку никогаш не би ѝ ги поставиле. Можеби се премногу лични, можеби некои ќе ви се чинат бизарни, но пробајте.

21. Од што најмногу се плашиш?
22. Дали некогаш си абортирала?
23. Како сакаш да бидеш погребана?
24. Дали некој некогаш те нападнал, физички или сексуално?
25. Дали имаш здравствен проблем за кој не си ми кажала?
26. Дали во нашата фамилија постои некој здравствен проблем кој можеби ќе го имам и јас?
27. Што би направила поинаку во животот?

Нејзини ставови
Пуштете ја фантазијата! И вие и вашата мајка!

28. Што е за тебе совршен ден?
29. Која ти е омилена фотографија и зошто?
30. Да се биде жена некогаш и сега – што мислиш дека најмногу се изменило?
31. Дали постои некој момент или случка во твојот живот кој радикално го измени твојот поглед на светот?
32. Сега е 2018, дали некогаш си размислувала за оваа година? Дали изгледа онака како што си ја замислила иднината?
33. Кој филм те расплака?
34. Која песна најмногу ја сакаш?
35. Кое патување те воодушевило?

Дали нешто заборавивме? Пишете ни прашање кое мислите дека би било супер за овој разговор!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top