Лиса од Бирмингем, Велика Британија, го искусила она што докторите го нарекуваат „необјасниви компликации“ поврзани со развојот на бременоста, кои ја спречиле во нејзината желба да создаде семејство и да роди повеќе деца. Таа е 33-годишна мајка на едно момче, кое го роди во 2007 година, а имала супер бременост. По породувањето со првото дете, таа сакала да има повеќе деца, но преживеала два спонтани абортуса, за потоа да добие дијагноза „неплодност од непозната причина“. Имала вкупно 27 спонтани абортуси.

Додека таа претпоставувала дека причината за абортусите е киретажата што ја имала по првото породување, лекарите преку тестови утврдиле дека Лиза има високо ниво на „природни клетки-убијци“, што значело дека нејзиното тело ги убива неродените ембриони.

Сепак, лековите не им ставиле крај на трауматските спонтани абортуси.

– Никогаш не знаев дека може да имам необјаснети компликации при создавањето на семејството. Тоа е фрустрирачко и ми го крши срцето. Губењето на детето не станува полесно, без оглед на тоа колку пати ќе го доживеам, но сега сум поотпорна. Јас сум суперплодна, но повеќе не се смеам и не славам кога на тестот за бременост ќе видам две црти – вели таа.

– Кога ќе се појават болките и абортусите, ми се чини дека срцето ми се скрши. Но, суровата реалност е дека кога еднаш ќе се случи, во состојба сум да продолжам понатаму како да не се случило – објаснува таа.

Нејзиниот втор спонтан абортус во десеттата недела го опишува како најлош бидејќи била хоспитализирана поради загубата на крв.

– Бев на семеен ручек и се случи кога отидов во ве-це. Се сеќавам дека течеше крв. Беше многу трауматично. Не можев да поверувам дека губам уште едно дете – раскажува таа.

Британското министерство за здравство ги истражува причините за спонтани абортуси откако една жена ќе има три, а Лиса поради тоа побарала помош од приватна болница бидејќи повеќе не можела да минува низ таа болка. Но, тестовите биле уредни, што значи дека немало лек што би го спречил кршењето на нејзиното срце, ако сака и понатаму да има деца.

– По три спонтани абортуси, престанав да им кажувам на пријателите и семејството дека сум бремена, бидејќи чекав абортусот да се повтори. Гледав силни отчукувања на срцето што ми даваа надеж дека ова нема да се повтори. Честопати се прашувам зошто ми се случува ова. Понекогаш се чини неправедно – вели Лиса, која сепак е благодарна што има 13-годишна ќерка, но и понатаму не сфаќа зошто не може да роди друго дете.

– Очајна сум по тоа чувство на љубов кога ќе се породите – вели таа. Просечната жена има околу 5 отсто природни клетки убијци, но Лиса има 11 отсто и се смета дека тоа е причината за нејзината траума.

Таа земала лекови за намалување на овие клетки, но лекарите биле збунети кога клетките се намалиле на 2 отсто, а абортусите продолжиле. Во мај 2019 година на Лиза ѝ било кажано дека единствениот начин на кој може да добие дете е сурогат-мајчинството.

– Не морав ни да ја прашам мојата сестра, бидејќи се понуди многу пати. Благодарна сум ѝ до небо – вели таа.

Во октомври направиле еден циклус на ин витро оплодување, но не успеало. таа била сигурна дека ќе успее бидејќи ембрионите биле здрави, а нејзината сестра Јоана е мајка на две деца.

– Таа загуба ме заболе уште повеќе бидејќи мислев дека сурогат-мајчинството ќе биде решението. За среќа, мојата сестра е подготвена повторно да се обидеме. Таа вели дека ќе направи сè што е потребно за да ми помогне – вели Лиса.

Таа ја споделува својата приказна за да се срушат табуата и да ги охрабри жените да зборуваат за абортусот.

– Мислам дека не се зборува доволно за абортусот. Сакам другите да знаат дека не се сами и дека абортусите понекогаш се случуваат без лекарско објаснување – истакнува Лиса.

Извор



912

X