Една третина од училишните згради во Македонија се во лоша состојба. Со децении било запоставувано одржувањето и вложувањето во училиштата. Ова, меѓу другото, беше речено на денешната презентација на истражувањето за методологијата за прераспределба на општинските буџети за основните училишта, изработена од Здружението на истражувачи и аналитичари – ЗМАИ, поддржано од Фондација „Отворено општество“. Анализата е направена врз основа на увид во состојбата на 48 училишта од 10 општини во земјава.

– Јасно е во кои сегменти треба да се насочат инвестициите за да се подобрат инфраструктурните услови во основното образование. Факт е дека со години наназад не било инвестирано во изградба на нови училишта и реконструкција и санација на постојните, но нашата заложба е да ја промениме ваквата состојба и веќе работиме на тоа. Затоа, целосно го менуваме начинот и методологијата за вложување во капитални инвестиции во образованието и воспоставуваме планско градење според реалните потреби – рече министерката за образование и наука Мила Царовска.



912

X