Мајка-блогерка составила смешен список со работи што можат да ги навредат децата: храна, време, облека, книги, бои, животни, физичка активности, правила на игри, чувства…

Брук Арелано на својот блог „Crazy mama drama“ направила хумористичен попис од 30 работи што експресно ги навредуваат дечињата. Напоменала дека порано секогаш сметала дека не можеш лесно да навредиш некого ако избегнуваш контроверзни теми како религија или политика. Но, кога децата се во прашање, голем е спектарот на теми што може да ги навредат: речиси сè. Направила листа која ја пренесуваме во целост:

1. Кажи им да ги измијат рацете;
2. Не го знаеш точниот текст од секоја детска песна што некогаш била напишана;
3. Ги гледаш;
4. Немој да ги гледаш;
5. Понуди им само една опција како оброк;
6. Замоли ги да го избришат носот со марамче наместо со ракав;
7. Кажи им дека не смеат да играат со ножеви;
8. Ограничи им го бројот на кадифени животни во автомобилот на пет;
9. Навести им дека попладневното спиење ќе им помогне да бидат помалку раздразливи;
10. Не сте препознале дека жолтата и црната линија се всушност цртеж со облаци;

11. Обиди се на убав начин да кажеш дека користат премногу светки;
12. Одбиј ја нивната „помош“ при диплењето облека;
13. Спомни дека наскоро е време за спиење;
14. Наречи некој лик од Дизниевите цртани со погрешно име;
15. Не ги знаеш правилата на играта која во моментот сами ја измислиле;
16. Наречи ги по име откако ти нагласиле дека тој ден се кучиња;
17. Трепни кога нешто ти покажуваат;
18. Проѕевај се во нивно присуство;
19. Не си ракоплескала доволно силно откако се искакале;
20. Си им дала вода која е премногу „мокра“;

21. Си ја кренала храната што ја фрлиле на под;
22. Инсистираш да носат чиста долна облека;
23. Кажи им да не го лижат подот;
24. Дај им го „погрешниот“ кекс за време на ужината;
25. Немој да им дозволиш да ти ја кренат маицата во преполна продавница;
26. Речи им дека не можат да го носат комбинезонот за новороденче што го нашле во орманот;
27. Забрани им да јадат стиропор;
28. Одбиј да ти прдат в рака;
29. Објасни дека не можеш да му наредиш на сонцето помалку да сјае;
30. Насмеј им се кога не се расположени за смеа.

Автор: Сања Милер

 



912

X