Истражување спроведено во 2016 година покажало дека надарените деца на возраст од 7 до 9 години при цртањето луѓе користат десет таканаречени „исклучителни детали“. Истражувачите ги анализирале цртежите што ги направиле 120 деца и пронашле 30 клучни детали што укажуваат на надареност и генијалност, и сите се сведуваат баш на тие „исклучителни детали“.
Овие детали вклучуваат работи како шминка, бенки, стилизирани бради, протези на забите, вратоврски, беџови, ракавици, прстени и слични украси. Покрај тоа, кај посебно надарените деца истражувачите забележале дека имаат уникатен пристап кон личноста што ја цртаат, но и кон нивната положба – да кажеме цртаат раце в џеб или свртен профил, а понекогаш и грбот на личноста.
Секако, ова не треба да се смета за тест за интелигенција, туку само тест за надареност.
– Надареноста е поим далеку над високиот коефициент на интелигенција. Да кажеме, тестот за интелигенција дава точен и погрешен одговор, а со него во никој случај не може да се мери креативноста, која е клучна за надареноста – вели Свен Матијсен, коавтор на истражувањето.
Покрај тоа, тој нагласува дека е важно да се истакне дека надарените деца не мора нужно да се искажуваат низ цртежите, но ако го прават тоа, главно се забележува пред да почнат да одат на училиште бидејќи потоа им се наметнуваат стандарди и креативноста полека исчезнува.