Додека играат, децата заземаат секаква положба. Една од нив е и положбата на жаба во која нозете се настрана, колената напред, а стапалата назад. Откријте зошто оваа положба треба да се избегнува?

Главните аргументи против седењето во ваква положба:

1. Седењето во положба на жаба не ја зајакнува силата на мускулите. Во оваа положба малку мускули функционираат, слабо зајакнуваат стомачните и грбните мускули, односно мускулите што го држат столбот на нашето тело. Децата со ниска густина на мускулите, односно кои како бебе имале проблем со тонусот на мускулите, особено треба да избегнуваат да седат во оваа положба.

2. Може да предизвика деформитети на колкот. Ако кај детето веќе постои одредена загриженост дека може да дојде до промена на колкот – бидејќи докторите изразиле загриженост или таквите деформации се почести во вашето семејство, детето во оваа положба дополнително ќе го изложи колкот на ризик.

3. Може да предизвика заостанување во развојот. Ако детето често и долго седи во оваа положба, може да дојде до зголемен тонус на мускулите, што доведува до напнатост. Ако вашето дете имало проблем со хипертонија (зголемен тонус на мускулите), ова е дополнителна причина за почесто менување на положбата на седење и избегнување на оваа положба.

Бидете внимателни, но нема причина да се грижите премногу

Како и многу работи во животот, така и поради оваа положба на седење не треба да паничите. Сè се сведува на тоа колку често и колку долго детето седи. Ако сте забележале дека детето често седи во оваа положба и дека му станала омилена, обидете се да го мотивирате да седи на друг начин или почесто да станува бидејќи така ќе спречите потенцијален проблем.

Ако не успеете да го одвлечете од седење во оваа положба, консултирајте се со педијатар.



912

X