Носот е полн, детето не може да дише, „вшмукувањето“ му е престресно, а дувањето во марамче никако да профункционира? Затоа ви подготвивме неколку интересни трикови како децата да го научат тој наједноставен метод за чистење на носот – да го дува носот…

Само што сте поминале една вироза со затнато носе и вртењето околу детето со шмукалката за нос, повторно нова вироза и сè од почеток. Детето ви е во јасли или градинка и воопшто не изненадува ваквиот развој на настаните. На сите им е напорно да издржат особено ако детето не знае да го издува носето.

За некои деца е вистински проблем да го научат тоа, а мора да се признае дека не е ни лесно ако не знаете како да го научите. Тешко е на детето да му се објасни како да дува надвор од носот, а да не вдише и сè повторно да повлече кон внатре. Затоа, најдобро е да вежбате кога сте здрави. Еве неколку трикови како успешно да ја совладате оваа вештина. Се разбира, ќе учите играјќи си со детето. Потребни ви се само марамчиња и уште некој реквизит:

1. Фудбал со нос, односно дување топчиња од вата со носот во голот

Потребни ви се топчиња од вата, гол и рамна површина (на пример, маса). Детето нека ја затне едната ноздра и низ другата нека го дува топчето вата кон голот.

2. Бркање на духот од носот

Земете марамче и едниот крај ставете го во едната ноздра на детето (така што ќе направите дух или некое чудовиште), нека вдише длабоко, а потоа брзо затнете му ја другата ноздра и кажете му на детето да го дувне духот од носот.

3. Трик со огледало

Потребно ви е мало огледало кое треба да се замагли со носот. Ставете го огледалото под носето и натпреварувајте се со детето кој подобро ќе го замагли огледалото.

Вовлекувањето е нездраво. Или можеби не е

Сигурно се нервирате кога детето ќе го повлече секретот назад во носот. Од медицинско гледиште, тоа не е толку лошо, можеби и дури е поздраво бидејќи со дувањето на носот, секретот може да се завлече во некои споредни, тесни каналчиња. Значи, воопшто не е страшно ако понекогаш секретот се повлече назад. Ако се спушти во желудникот, таму бактериите и вирусите и онака ќе настрадаат од желудочната киселина.



912

X