Дали е возможно квалитетно да се обучат наставниците за еден целосно нов концепт на образование, на кој ќе треба да се приспособат и да го применуваат од 1 септември? Ова е едно од главните прашања на кои Факултети.мк побара одговори од практичари, кои со години се дел од образовниот систем и добро ги знаат условите. Освен тоа, со оглед дека новите правила за едукација на учениците според образовните реформи ќе почнат да се применуваат од септември, со нив поразговаравме и за тоа дали, според нив, е избрзано ваквото решение. Надлежните, пак, во меѓувреме информираат дека обуките ќе започнат во јуни и дека ќе бидат повеќедневни.

Би се обучиле, но колку квалитетно?

М-р Тања Стреоска-Урумовска, одделенска наставничка во Основното училиште „Вера Јоциќ“ во Скопје, вели дека наставниците, во овој целосно поинаков период, се покажале како многу „жилави“, доста издржливи и приспособливи на промени.

– Јас не се сомневам дека наставниците не би постигнале во краток период да се обучат или приспособат за поинаков концепт на работа. Но, се сомневам дека квалитетот и квантитетот на нивната спремност ќе бидат доволни за да можат веднаш беспрекорно да го изведат тоа. За толку краток период јас ќе бидам обучена, ќе ми бидат пренесени начините на работа, содржините, програмите, техниките, методите. Но, кога ќе влезам во училница и кога сето тоа ќе треба практично да го применам, сепак, ќе имам влијание од претходниот начин на работа, судир на новото со старото, па приспособување кон новото. Секогаш по искуственото учење доаѓа прифаќањето и влечење на целосниот квалитет и капацитет на примена на новините. Оттука, мое мислење е дека ние може да кажеме оти наставниците ќе бидат квалитетно обучени, но не може исто така да кажеме дека наученото ќе го применат во практика – смета наставничката Стреоска-Урумовска.

Прочитајте повеќе Факултети.мк



912

X