Воспитување

22 работи што ги научив растејќи ги моите две момчиња

– Никогаш нема да правиш „женски работи“ како купување облека, често ќе возиш велосипед или ќе  скокаш, секогаш треба да бидеш миротворец кога ќе почнат кавгите. Накратко, со момчињата имаш полни раце работа. Но и тие се супер чувствителни и полни со љубов и даваат најубави прегратки на светот, раскажува мајката Фиона Пенел за животот со двајцата синови

Фиона Пенел е мајка на две момчиња, блогерка и поранешна новинарка. Таа го споделила своето искуство, објаснувајќи дека со момчињата никогаш не е досадно и дека нема ниту еден момент мир. „Животот со момчињата не е досаден, често е неуреден и луд. Не постои ни момент мир, често покрај главата ти летаат мињони и постојано собираш смрдливи чорапи. Никогаш не правиш ‘женски работи’ како купување облека, често возиш велосипед или скокаш, секогаш мораш да бидеш миротворец кога ќе почнат кавгите. Накратко, со момчињата имаш полни раце работа. Но момчињата исто така се супер сензитивни и полни со љубов… и даваат најубави прегратки на светот“. Вака мама Фиона го опишува својот живот со синовите.

Еве што научила за момчињата (нивната возраст е околу шест години):

1. Често велат „не е фер“
Почнувајќи од тоа дали имаат еднаква количина житарки во своите чинии (го бројат секое зрно) до тоа дали имаат еднаква количина сок од јаболко во чашата. Сè, и пак повторувам, сè мора да биде фер.

2. Сакаат да победат
Секоја ситуација во животот треба да биде победничка. Кој прв ќе влезе во школскиот автобус или кој прв ќе го изеде своето чоколадно јајце? Сакаат да бидат победници. А оној што ќе биде втор? Ред лутење, ред фрустрација, а потоа тепачка.

3. Постојано се караат
Трамбулината се претвора во боксерски ринг, а плочките за социјални игри и коцките главно завршуваат во ѕидот. Секогаш се прпелкаат еден околу друг на подот, како лавчиња, а кога ќе ги извлечат канџите – време е за интервенција.

4. Сакаат палки
Штом имаат палка в рака, се чувствуваат способно. Кога се на отворено, постојано ловат и затоа ги оставаме надвор.

5. Постојано играат со топка
Биди подготвена да ги развиваш своите фудбалски вештини и со часови да стоиш на студеното време кога ќе почнат да одат на натпревари.

6. Тие се како мали свинчиња
Ќе бидат во кал од главата до петиците ако добијат таква можност.

7. Често ќе слушаш – „гладен сум“
Голем дел од времето ќе поминуваш по продавници купувајќи основни продукти како млеко, леб, банани и бисквити.

8. Фасцинирани се од инсектите
Црви, глисти, пајаци, мравки, бубамари – момчињата многу време поминуваат во набљудување и проучување на инсектите.

9. Ќе се искачат каде било
Тие се без ограничувања. Еден момент безгрижно ќе шеташ во паркот, а следниот ќе налеташ на дрво од каде што за кратко време ќе го симнуваш своето петгодишно дете.

10. Трчаат насекаде
И ти насекаде ќе трчаш ловејќи ги нив бидејќи тие трчаат не размислувајќи за последиците.

11. Нивните чувства се црно-бели
За разлика од девојчињата, не постои емоционална манипулација кај момчињата и мене тоа ми се допаѓа. Да, се борат, имаат напади на гнев, но тоа брзо се заборава, ништо не трае долго.

12. Често слушаш – „досадно ми е“
Мора секогаш да ги носиш надвор од дома бидејќи во спротивно ќе полудите сите. Без оглед какво е времето, свежиот воздух и вежбањето се трикови што можат да помогнат.

13. Твојот ум е во хаос
„Зошто небото е сино?“, „Зошто Бог не умира?“, „Што би се случило ако ја нема Месечината?“ – тие ќе нафрлаат такви прашања секојдневно, а на многу од нив не ќе знаеш да одговориш. Благодарност до „Гугл“.

14. Се преправаат дека не знаат каде им се работите
„Каде ми се чорапите?“ (во твојата фиока, а каде би биле), „Каде е моето сино автомобилче што има пламен на страната?“ (во кутијата со сите други автомобилчиња) – често вака разговараме.

15. Куќата е во хаос
Твојот дом нема навистина да биде твој додека не заминат од дома, па затоа некои фантазии остави ги за некое друго време.

16. Ќе сакаат да бидат „суперкул“
Постојано ќе си прават некакви кул-фризури и ќе ги ставаат очилата на тато. Твојата кујна ќе стане дискотека за време на појадокот кога ќе го вклучат радиото и ќе почнат да танцуваат, најчесто необлечени.

17. Тајно им се допаѓаат девојчињата
Иако не сакаат да зборуваат за тоа и често велат дека девојчињата не им се допаѓаат.

18. Никогаш не им здосадува хуморот за нужници
„Еден ден еден нужник слета на мојата глава, а потоа падна на подот“, а по ова следува десетминутно смеење.

19. Имаат концентрација како комарец
Значи, боење подолго од пет минути не е опција за нив.

20. Насекаде мочаат
Ќе поминеш многу време чистејќи го подот од бањата бидејќи сакаат да определат мета која не би требало да биде мета. И не очекувај од нив да пуштат вода и да го затворат капакот – тоа едноставно е преголем напор за нив.

21. Ќе ти го стопат срцето
Не можеш да го победиш тоа чувство кога твоето момче ќе те гледа право в очи, а потоа ќе ти го даде најголемиот бакнеж што постои. Единствено кога ќе ја почувствуваш таа љубов, засекогаш ќе останеш закачена за нив, за смрдливите чорапи и другото.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top