Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на заразени со коронавирус во земјата. По градови бројот на регистрирани е следен: Скопје -15, Дебар – 4, Куманово – 2 и Охрид – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје, а е во изолација во Охрид
– Гостивар (1).



912

X