Игротека

2020 година во една фотографија: Новороденче му ја вади маската на докторот

Фотографија од новородено бебе кое се обидува да му ја отстрани хируршката маска на лекарот стана вирална среде пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата, која изби на почетокот од оваа година, донесе нова нормалност во светот. Маските ни станаа секојдневие и иако повеќето луѓе се придржуваат кон мерките, задолжителното носење маски предизвикаа бес и критики.

Со сигурност можеме да кажеме дека повеќето луѓе чекаат да се врати времето пред пандемијата кога маските за лице не беа потребни и кога можевме да излегуваме без страв. Во такво сценарио, не изненадува што оваа фотографија стана хит.

Фотографијата на „Инстаграм“ ја сподели д-р Самер Чеаиб, гинеколог од Обединетите Арапски Емирати. На неа се гледа како новороденчето му ја влече маската од лицето, на кое се гледа неговата широка насмевка.

– Сите сакаме знак што ќе ни покаже дека наскоро ќе можеме да ги тргнеме маските – напиша докторот.

Многумина ја доживуваат оваа фотографија како надеж и знак за подобра иднина, додека други велат дека фотографијата ја сумира цела 2020 година.

– Сите наскоро ќе ги тргнеме маските. Ова би требало да биде фотографија за 2020 година. Најубавата слика што некогаш сум ја видел. Се надевам дека наскоро ќе се ослободиме од маските – е еден од коментарите под фотографијата.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top