Постои еден знак кој го носите на челото додека сте бремени. Тој знак вели „Дури и ако не те познавам, не двоуми се да ми кажеш како изгледам, што мислиш за тоа како изгледам, како изгледам во споредба со твоите очекувања или другите трудници што ги знаеш, додека мислиш дека мојот цервикс се проширил или што било друго. Само напред!“

Во продолжение следуваат 20 реченици што луѓето им ги велат на трудниците:

1.Голема си како куќа.

  1. Не изгледаш трудна одназад. (Во ред ако коментаторот е најдобар пријател. Инаку НЕ!)
  2. Подобро е наскоро да го родиш тоа бебе или ќе експлодираш.
  3. Леле колку си слатка. Потсетуваш на телетабис.
  4. Се сеќаваш на оној коктел со рум кој го пиевме заедно кога не знаеше дека си трудна? Дали некогаш се грижиш за тоа?
  5. Не сфаќај го ова погрешно, но во тој фустан изгледаш огромна.
  6. Дали си сигурна дека внатре има само едно бебе?
  7. Како ќе го извлечат од тебе?
  8. Имам една пријателка која треба да се породи во исто време кога и ти и нејзиниот стомак е двојно поголем/ за половина помал од твојот.
  9. Чевлите ти се одврзани. Хахахахаха! Само се шегувам.
  1. Дали колковите на секоја жена стануваат толку широки во текот на бременоста?
  2. Зарем не полудуваш кога ќе размислиш за тоа како детето ќе се смести во вагината?
  3. Ако овде ти пукне воденикот, ти ќе ја платиш сметката за перење на килимот.
  4. Внимавај да не го задушиш новороденчето со тие гради.
  5. Планираш ли да доиш?
  6. Сакаш ли да родиш по природен пат или да добиеш епидурална анестезија?
  7. Опа, дури и твоето лице е здебелено.
  8. Како успеваш да возиш автомобил?
  9. Дали се обиде да се го масираш перинеумот со природно масло?
  10. Си слушнала за стимулација на брадавици, зарем не?

Извор



912

X