1. Ќе има денови кога ќе посакаш да врескаш затоа што ниту една област во животот не ти оди како што треба.

2. Проблемите на работа ќе паднат во вода штом те огрее насмевката на твоето дете.

3. Никогаш нема да најдеш совршен баланс помеѓу работата и семејството.

4. Често ќе се прашуваш каде би била сега во кариерата ако немаше деца.

5. Ќе се двоумиш дали да направиш промена на работното место/професијата или да планираш второ дете?

6. Ќе имаш константно чувство на грижа на совест кога ќе го оставиш за да одиш на работа, без разлика што го препушташ во добри раце.

7. Ќе се чувствуваш дискриминирано кога колегите од работа заглавуваат во кафеана, а ти мораш да се вратиш дома да го заспиеш детето.

8. Ќе ти биде мака што не можеш како порано да прифаќаш патувања во странство, бидејќи сега имаш дете и не можеш така лесно да го оставиш само.

9. Понекогаш ќе се прашуваш колку би било супер да бидеш во чевлите на твоите колеги татковци што не го чувствуваат истиот товар и грижа на совест на мајките.

10. Некогаш дури и ќе им завидуваш на твоите колешки што не се мајки бидејќи имаат тоооолку многу слобода и флексибилност да си го организираат денот.

11. Често ќе размислуваш дали би била уште попродуктивна кога би дошла наспиена на работа.

12. Мотивацијата да ги завршиш своите работни задачи навреме за побрзо да си заминеш дома за да се гушкаш со детето не може да се спореди со ништо.

13. Многу често ќе те јаде грижата на совест кога детето ти се разболело, а ти мораш да одиш на работа.

14. На потешкиот начин ќе сфатиш дека по враќањето на работа од породилното отсуство, дел од колегите ќе сметаат дека не си доволно способна да бидеш во полн капацитет како порано. Но, ти за кратко ќе им го докажеш токму спротивното.

15. Некогаш ќе доаѓаш на работа неисчешлана или со истуткана кошула бидејќи не си имала ниту време ниту енергија да се спремиш.

16. Колегите и колешките што ќе делат совети за родителството ќе ти бидат подраги за разговор. 

17. Понекогаш ќе се чувствуваш како Wonder Woman кога ќе успееш да ги завршиш сите приватни и професионални обврски во текот на денот. Но најчесто едвај 20 отсто од обврските ќе ги завршуваш навремено.

18. Ќе се прашуваш дали си себична кога ќе прифатиш нов проект што ќе значи помалку време поминато со детето.

19. Нема да сакаш да ги славиш малите победи на работа и успешно завршените проекти бидејќи ќе имаш грижа на совест дека си ги сработила за сметка на изгубено време со детето.

20 .Често ќе си размислуваш дали би било подобро ако едноставно си дадеш отказ и си седиш дома со детето.

Автор: Данче Азманова-Мирчевска, основач на платформата workingmom.mk



912

X