Игротека

20 причини поради кои принцот Чарлс е одличен и грижлив дедо

Принцот Чарлс е идниот крал на Англија и е многу зафатен човек. Но, што и да се случува, тој секогаш наоѓа време за своите внуци. Принцот Чарлс е одличен дедо, толку добар што дури ги остава своите внуци да го именуваат со „дедо Велс“.

Идниот крал има 4 внуци: Џорџ, Шарлот и Луи од неговиот син принцот Вилијам и Арчи од неговиот син принцот Хари. Додека Чарлс признал дека нивната енергија може малку да го измори (Чарлс има 71 година, па разбирливо е), сепак успева да помине квалитетно време со нив. Ова се 20 начини на кои тој покажал дека ги обожува своите внуци.

Обележува нова територија

Нема модел според кој ќе се води за да биде дедо. Таткото на неговиот татко починал пред Чарлс да се роди, а таткото од мајка му (Крал Џорџ Шести) починал кога Чарлс имал само 4 години. Но, и покрај тоа, Чарлс е одличен дедо на сите свои внучиња.

Чарлс бил првиот што го посетил принц Џорџ

Откако Џорџ се роди во 2013 година, принцот Чарлс беше првиот член на семејството што го посети внукот во болницата каде што Кејт се породи. Дедото бил толку возбуден, што не можел повеќе да чека за да го запознае својот прв внук. Сигурно бил специјален момент за него бидејќи во истата болница се родиле и неговите деца.

фото: Tim Rooke – WPA Pool/Getty Images

Сака да си игра

Убава е сликата кога Чарлс игра со принцот Луи. Чарлс се грижи секогаш да има контакт со очи со својот млад внук и навистина се поврзува со него. Луи е малечок кога оваа фотографија е направена, но сигурно ќе биде фотографија на која Луи ќе гледа со голема љубов.

 

 

View this post on Instagram

 

Big shout out today to Grandparents everywhere ??

A post shared by Chris Jackson (@chrisjacksongetty) on

Сака подобра иднина за своите внуци

Пред неколку години Чарлс одржал говор во кој споменал дека стравува за светот во кој неговите внуци треба да растат. „За мене е лудост ако им го оставиме овој целосно загаден, оштетен и уништен свет на нашите внуци. Сите внуци заслужуваат подобра иднина“.

Сади дрвца со принц Џорџ

Ова е еден од начините на кои Чарлс го прави светот подобро место за своите внуци – се грижи за животната средина. Тој сади дрвца со принцот Џорџ, кој му помага откако е доволно возрасен. И двајцата сакаат градинарство, што е одличен начин за да се поврзат и да разговараат.

фото: Mick Tsikas – Pool/Getty Images

Го чита „Хари Потер“ и ги имитира сите ликови

Сопругата на Чарлс, Камила, има внуци од нејзиниот прв брак, а Чарлс е многу љубезен и учтив и со нив. Дури и им ги чита книгите „Хари Потер“. „Ги имитира ликовите бидејќи тој е брилијантен во мимики“, истакнала Камила. Ако тоа го прави за внуците од Камила, сигурно го прави и со Џорџ, Шарлот, Луи и можеби еден ден и со Арчи.

Горд дедо

Овој портрет од кралицата и идните кралеви е објавен на почетокот од 2020 година, а Чарлс се гледа дека е неверојатно горд на Џорџ. Неговата рака заштитнички е поставена на рамото на Џорџ, а Чарлс веројатно ќе го води и насочува Џорџ додека може.

 

Оди на сите крштавки

Чарлс никогаш не пропуштил крштавка на ниту едно од внучињата. Секогаш е присутен, а дури и го држел принцот Џорџ на еден од официјалните портрети од крштавката во 2013 година. Чарлс знае дека е важен дел од животите на неговите внуци, па затоа секогаш е тука за нив.

 

Забавен е

Фотографиите изгледаат како сосема нормални семејни групни фотографии. Но, ако погледнете подобро, принцот Луи се забавува со својот дедо. Да го држела Кејт, тој ќе се качувал по Чарлс. Но, иако Луи речиси му „го вади“ окото на дедо си, „Дедо Велс“ изгледа посреќен од кога и да е. Едноставно ги обожува своите внуци.

 

Пекарство со принц Џорџ

За Божиќ минатата година Џорџ им помагаше во подготвувањето десерти на својот татко и дедо. Чарлс го гледал Џорџ со восхит додека тој ги додавал состојките. Не дека Џорџ правел нешто комплицирано, но Чарлс, како и секој дедо, е апсолутно воодушевен од она што го прават внучињата.

 

Секогаш возбуден за внуче плус

Кога Кејт и Вилијам објавија дека ќе имаат трето дете во 2017 година, Чарлс и Камила објавија слатка порака со честитки велејќи дека се воодушевени што војводата и војвотката од Кембриџ очекуваат трето дете. Чарлс ги сака своите внуци толку многу, што се воодушевува кога ќе слушне дека семејството се проширува.

Запознавање на најновите членови

Принцот Чарлс беше исто така воодушевен и што го запозна синот на принцот Хари – Арчи. Ова е фотографија од крштавката на Арчи, а Хари ја објави минатата година за да му посака среќен роденден на татка си.

Собирање подароци за време на патувањата

Кога Чарлс посетува некои места како дел од неговите обврски, луѓето му даваат подароци за внучињата. Тој секогаш ги прифаќа и остава впечаток дека навистина ги носи дома среќен што ќе им ги даде на малечките.

Ги разгалува внуците како што прават сите дедовци

Откако се роди принцезата Шарлот, Чарлс признал дека се надева оти таа ќе биде девојчето што ќе го разгали. Поврзаноста помеѓу дедото и неговите внуци е специјална, особено ако е заснована на слатки спомени, подароци и забава. Родителите често внимаваат децата да не бидат премногу разгалени, но нема ништо лошо ако внучињата добијат дополнително внимание од дедовците и бабите.

Гордо ги покажува нивните фотографии

За време на видеоразговор во 2015 година гледачите забележале дека Чарлс чува фотографија од него и принцот Џорџ во рамка на масата. Собите на дедовците и бабите обично се преполни со фотографии од внучињата – а принцот Чарлс не е исклучок.

 

Се грижи за нив

На настан во 2016 година Џорџ се наведнал малку повеќе од потребното на балконот, а неговите родители веднаш го повлекле. Но, на ликот од Чарлс се отсликувала голема загриженост во моментот. Тој очигледно сака да се осигури дека неговите внуци се секогаш безбедни.

фото:DZY/Contributor/Getty Images

Чајанки со дедо

Чарлс често си игра со своите внучиња. Според медиумите, тој одржува чајанки со принцот Џорџ кога ќе дојде во посета. Дури користат и пластични шолји како и сите други деца.

Им остава простор на децата за игра

Чарлс чува малечка куќа на дрво на својот имот од периодот кога Вилијам и Хари биле деца, па сега ја реконструирал за своите внучиња. Првпат била изградена во 1989 година, па откако Вилијам и Хари пораснале, се реконструирала за внучињата на Чарлс.

 

Се обидува да биде во тек со нивната енергија

Кога Луи се родил, тој му стана трето внуче на Чарлс. Во тоа време тој објавил изјава на „Инстаграм“ за новото внуче, велејќи: „Голема радост е да се има уште едно внуче, но единствениот проблем е што не знам како ќе имам сила да издржам со сите!“

Нема друго место на кое повеќе би сакал да биде

Идниот крал наполни 70 години во 2018 година и го прослави роденденот со неговите најблиски – вклучително и внуците. Можел да избере да направи прослава со ценетите членови на општеството, но наместо тоа, тој избрал да биде со оние што најмногу ги сака.

Автор: Марта Сорен

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top