Во животот не се важни годините, туку квалитетното време што го поминувате. Ова е животно мото на Мајкл Мичел, сопруг и татко. Мајкл има блог каде што ги споделува своите мисли за татковството и им дава совети на сите мажи што се прашуваат како да станат подобри татковци за нивните ќерки.

Ви пренесуваме неколку од нив.


20. Сакај ја нејзината мајка. Кога ќе порасне, ќе се заљуби и омажи за некој што ќе се однесува со неа онака како што ти се однесуваше со нејзината мајка.

19. Сладоледот покрива многу „гревови“. Откриј кој е нејзин омилен вкус.

18. Уживајте во моментите што ги имате заедно. Наскоро, дружењето со нејзиниот татко нема да ѝ биде толку забавно. Животот поминува прилично брзо. Уживај во него додека можеш.

17. Кажувај ѝ дека е убава. Повторувај го тоа постојано затоа што еден ден некој анимиран филм или магазин за „убавина“ ќе се обиде да ја убеди во спротивното.

16. Носи ја на рамена – тоа е чиста магија. Прави го тоа додека имаш силен грб и додека таа сè уште е малечка.

15. Никогаш немој да ѝ го пропуштиш роденденот. За 10 години нема да се сеќава каков подарок си ѝ дал, но ќе се сеќава дека не си бил таму.

14. Спаси го денот. Ќе ѝ бидеш потребен во одредени ситуации, па биди таму за неа.

13. Денес оди на училиште. Утре ќе замине на факултет.

12. Научи да ѝ веруваш. Дај ѝ повеќе слобода како што ќе расте. Таа ќе ги исполни твоите очекувања.

11. Дај ѝ до знаење дека без оглед на сè, таа секогаш може да се врати дома.

10. Мал број работи се поутешителни за девојче кое плаче од раката на нејзиниот татко. Никогаш не заборавај го ова.

9. Веројатно ќе сака да лежи со тебе в кревет откако имала кошмар. Тоа е добра работа.

8. Во периодот од 3 до 6 години ќе те праша да се ожениш со неа. Нежно одбиј ја.

7. Остави ја да се тркала на тревата. Тоа е добро за нејзината душа, а и за тебе не е лошо.

6. Ако нејзината мајка ја запише на часови по пливање, биди и ти во базенот. Не плаши се ако нема други татковци. Тоа е нивна загуба.

5. Научи ја како да смени дупната гума, но биди сигурен дека ќе те побара за помош ако ѝ е потребна.

4. Танцувај со неа. Започни уште кога ќе биде бебе. Не чекај до нејзината венчавка.

3. Купи ѝ исти патики како твоите. Не секогаш ќе сака да носи патики како нејзиниот стар татко.

2. Татковството е твојата најголема должност. Тоа ти е приоритет.

1. Секогаш биди тука за неа. Дружи се со неа, бидете заедно. Не седи така додека таа ги додава годините на нејзиниот живот… додај живот на нејзините години.

Автор: Мајкл Мичел



912

X