Ова се показатели дека сте мајка која по цел ден е со своите деца.

1. Најмалку половина од вашите оброци се остатоци од децата.

2. Кога сопругот ќе ве праша: Што правеше денес?, не можете да смислите ништо, иако се чувствувате како да сте поминале низ центрифуга.

3. Децата прашуваат каде ќе одите кога си ги облекувате фармерките.

4. Можете да ја исчистите цела куќа со пакување влажни марамчиња за бебиња.

5. „Ноќен живот“ за вас значи бесцелно талкање низ супермаркет.

6. Телевизорот е вклучен цел ден и немате поим што имало на вестите.

7. Туширањето е неверојатен успех.

8. Децата ве гледаат гола почесто отколку вашиот сопруг.

9. 50 отсто од вашето време го поминувате имитирајќи животни.

10. Вашето расположение зависи исклучиво од тоа колку вашето дете спиело попладнето.

11. Кога носите градник, тоа значи дека доаѓаат гости.

12. Кога излегувате од дома, на маицата забележувате бебешка храна.

13. Се преправате дека ве боли стомак штом сопругот ќе дојде дома само за да бидете сами во бањата.

14. Вашето куче лае кога ќе облечете „вистински“ чевли.

15. Треба да проверите колку е часот пред да излезете бидејќи со денови не сте излезени надвор.

16. Времето поминато на „Фејсбук“ го сметате за „дружење со пријателите“.

17. Носите иста гардероба неколку дена.

18. Немате поим кој ден од неделата е или кој датум, но знаете колку е часот според цртаниот филм што се прикажува на телевизија.

19. Кафето што го пиете за ручек е истото што сте го направиле во 5:30 часот.

20. Не сакате да спиете навечер бидејќи уживате во тишината, без разлика колку сте уморни.

Извор



912

X