Без оглед колку се подготвувале за сите убавини и тешкотии на родителството, многу двојки често се „збунети“ поради сѐ што се случува кога во нивниот свет ќе пристигне толку мало и слатко суштество. Бебето го претвора светот на своите родители во чудесен рингишпил кој е преполн со смеа, но и со непроспиени ноќи. Еве кои 20 работи многу мајки и татковци ги научиле во првата година од родителството.

1. Спиењето е голем луксуз.
2. Бебешкиот измет не смрди толку силно додека детето не почне да јаде цврста храна.
3. Ако имате момче, сигурно ќе ве измочка, само е прашање на време кога.
4. Коските на бебето се исклучително флексибилни и ќе ја толерираат вашата неподготвеност за родителство повеќе отколку што очекувате. Меѓутоа, таа флексибилност исчезнува кога детето ќе наполни една година.
5. Веројатно вашето дете прво ќе јаде сѐ, а потоа во рок од 24 часа ќе престане да јаде сѐ што му се допаѓало. Вие ќе мислите дека сето тоа е ваша вина.
6. Нема да се сеќавате кога последен пат сте биле на кино со партнерот, а кога конечно ќе одите, ќе бидете разочарани и загрижени дали на детето му е добро со дадилката и дали е живо.
7. Бебето постојано ќе прави работи што ќе ве импресионираат, за потоа да направи нешто целосно бесмислено што никако не ќе можете да го разберете.
8. Вашето дете и натаму ќе прави неверојатни работи, а потоа вие ќе направите нешто целосно погрешно како родител.

9. Разговорите за доењето и подготвувањето млеко ќе ви станат вообичаени, и сѐ ќе биде во ред додека не почнете да разговарате за тоа со пријатели што немаат деца и кои ќе ви кажат дека тоа е најлошата работа што ја слушнале.
10. Веднаш потоа ќе го опишете породувањето бидејќи погрешно сте ја протолкувале реченицата од минатата точка. Па ќе посакате вашите пријатели да чујат што навистина е тешко.
11. Речиси сѐ што сте купиле за своето дете, освен пелените и креветчето, е бескорисно во првите шест месеци од животот на бебето.
12. Ќе станете вистински познавач на детски книги сѐ додека не откриете кои пораки сакате да му ги испратите на детето и кои ќе бидат соодветни за вашиот родителски стил.
13. Ќе се сеќавате на деновите кога редовно сте вежбале и сте мислеле: „Не постои ништо што може да се спореди со ова“.
14. Никогаш нема да чувствувате таква среќа како кога вашиот син или ќерка ќе реагира на вас и ќе ве награди со насмевка, бидејќи тогаш ќе исчезне сѐ што е лошо и тешко во вашиот живот.
15. Вашите пријатели, семејство и колегите постојано ќе ви даваат совети за родителството, а вие можеби ќе сакате да разговарате за новите модни трендови или фудбалското првенство.
16. Првата година ќе ги занемарувате сите пријателски односи, но сите важни врски ќе ви се вратат во животот по првата бурна година од животот на бебето.
17. Ќе сметате дека е нормално дете од четири килограми да го облечете во облека која тежи осум килограми за да го заштитите од студ иако надвор е 25 Целзиусови степени, а ќе почнат да ве загрижуваат и клима-уредите.
18. Кога се работи за вашето дете, сѐ ќе ви стане нормално. Ако ви се скрши топломерот, ќе поитате во првата аптека облечени во пижами и воопшто нема да се грижите кога луѓето чудно ќе ве гледаат.
19. Ќе почнете повеќе да ги испитувате луѓето околу себе за нивната здравствена состојба, за да знаете кому да му дозволите да биде во близина на вашето дете. Ќе станете многу внимателни!
20. Конечно, секоја вечер пред легнување ќе посакувате среќата никогаш да не престане, бидејќи без оглед што не спиете повеќе од три часа, никогаш не сте биле посреќни. Сѐ е чудесно!

 



912

X