„Ракоплескајте за нашите професии“ е кампања која вклучува луѓе од цела Велика Британија кои им аплаудираат на лекарите, медицинските сестри и другите здравствени работници што се во првата борбена линија во битката против коронавирусот. 1,3 милион Британци работат во националниот здравствен сервис, а целата нација се обединува и им искажува поддршка секој четврток.

Меѓу илјадниците луѓе што им аплаудираат на здравствените работници е и 2-годишно девојче. Како и сите други, Елиза Стоунбенк аплаудира за да изрази поддршка за клучните работници, но тоа го прави во свој стил. Досега таа смени облека, односно униформи на медицинска сестра, хирург, лекар, болничар и работник во супермаркет со мала количка.

фото: Натали Стоунбенк

Мајката на 2-годишната Елиза изјавила дека таа секогаш сакала да си игра со облека.

„Првиот пат се облече како медицинска сестра“, раскажува мајка ѝ Натали. Неодоливите костими што ги носи Елиза ги прави нејзината мајка. Елиза е возбудена секој четврток не само затоа што менува костими, туку и затоа што секогаш останува подоцна навечер за да учествува во аплаудирањето заедно со нејзините постари браќа и сестри.

„Таа вообичаено оди во кревет во 19 часот, па сега останувањето до подоцна е возбудливо нешто за неа“, вели мајката на Елиза.

фото: Натали Стоунбенк

Секоја недела Елиза се облекува како различен работник. За костимот за работник во супермаркет, персоналот од локален супермаркет донирал престилка која била исечена за да биде соодветна за малото девојче.

фото: Натали Стоунбенк

Бабата на Елиза и мајка на Натали, Шерон Франс, работи како медицинска сестра и таа е личноста што ги инспирирала за реализација на оваа идеја.

„Мојата мајка е медицинска сестра во болница, па Елиза беше навистина облечена како баба ѝ“, изјавила Натали.

„Многу убаво и слатко девојче“, „Нови костими! Ги обожувам!“, се само дел од коментарите на интернет за креативноста на мајката и ќерката.

фото: Натали Стоунбенк

фото: Натали Стоунбенк

Автор: Неринга Утараите

Извор



912

X