Како и многу возрасни, Каше Куест може да брои до 100. За разлика од некои други возрасни, таа може да ги идентификува сите 50 американски држави според формата и локацијата на мапата, да навигира низ периодичниот систем на елементи, таа е билингвална и ја подобрува својата способност на знаковен јазик.

Не е лошо за мало дете.

Ова двегодишно дете неодамна стана член на „Менса“, добро познато друштво на интелектуалци кои бараат потенцијални членови. Куест има IQ 146, околу 46 поени над националниот просек.

Резултатите обично се извлекуваат од стандардизирано и надгледувано тестирање. За деца под 14-годишна возраст, „Менса“ прифаќа оцени од тестовите што ги спроведуваат училиштата и приватните единици за запишување. Познати како младите од „Менса“, овие членови ги уживаат сите привилегии од членството, вклучувајќи програми за читање, планови за лекции и активности на локална група.

– Надарената младина на возраст од 14 години и повеќе може да полага еден стандардизиран тест. За деца како Каше, тие аплицираат со доставување докази од тестирања од страна на приватен психолог – вели Чарлс Браун, директор за маркетинг и комуникации на „Менса“. Мајката на Каше, Суџхит Атвал, вели дека нејзината ќерка почнала да покажува висока интелигенција на 18 месеци.

– Почнавме да забележуваме дека има голема меморија. Брзо учеше за работите и сакаше да учи. На околу 17-18 месеци ги знаеше азбуката, броевите, боите и формите – вели таа.

Атвал води предучилишна установа каде што ја учи Каше заедно со други ученици. Таа вели дека има цел да ѝ овозможи нормален живот и ќе го поддржува патот што ќе го избере Каше.

– Мислам дека една од најголемите работи е да се осигуриме дека ќе има детство и дека нема да ја присилуваме на ништо. Ќе одиме според нејзиното темпо – вели мајката.

Според Браун, „Менса“ моментално има околу 50.000 млади членови.

Извор



912

X