Здравје

18 нови позитивни на коронавирусот, 5 оздравени

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1, Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба си заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

На оваа Клиника почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Министерството за здравство информира дека во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого посмртно е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.

Министерството за здравство информираше дека починала родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.
Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 261

Куманово – 130

Дебар – 49

Штип-20

Прилеп – 38

Тетово – 29

Струга – 28

Велес – 10

Битола – 8

Охрид – 3

Кавадарци – 3

Гостивар – 4

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top