Деновите пред конечниот термин за породување се сè само не досадни. Напротив, имате причина за смеење, плачење, грижа, страв, но и забава. Овие идни мајки со своите изјави ни го потврдија тоа со своите забавни изјави и ни ги опишаа знаците што укажуваат дека се приближува породувањето

Да, до породувањето ги броите деновите и се чудите како стигнавте толку далеку, се гордеете зашто бевте храбри при сите тешкотии на патот и повеќе не се сеќавате како беше да не сте трудни. Запомнете го тоа чувство на цело, комплетно и совршено суштество во вас, погалете го стомакот, насмејте му се на тоа чудо зашто набрзо сè ќе биде по старо. И бројките и тоа прекрасно чувство ќе поминат. Додека чекате, забавувајте се со овие знаци дека се приближува породувањето.

Знаете дека се ближи породувањето кога:
– Туркате сè кога ќе поминете покрај некои предмети и не ви е грижа кој ќе ги собере.
– Се обидувате да се свртите од едната на другата страна во креветот, но заглавувате на грб, како желка стара 500 години.
– Лежите на 20 перници, но сепак сè уште ви е неудобно и со презир го гледате својот сопруг додека спие како бебе.
– Кога на работа апсолутно секој што ќе ве види ве прашува како сте, а вие одговарате „трудно“.
– Навечер не пиете течности за да не мора да станувате 20 пати во текот на ноќта и да одите до тоалетот. Но, ни тоа не помага.

– Почнувате да ги прередувате веќе средените алишта за бебето, а остатокот од куќата е во хаос.
– Разговарате со некого и среде разговор заборавате што беше темата.
– Вашиот двегодишник ќе легне на кревет, ќе ги крене нозете нагоре за вие да не се наведнувате додека му ги соблекувате чевлите.
– Размислувате дека би било згодно да направите дупка во душекот и во неа да го ставите стомакот, па конечно да легнете на стомак и да се наспиете.
– По ручекот, на вашиот стомак ќе остане храна и за ужина.
– Повеќе не ве собира ни во трудничката облека.
– Луѓето ви велат „вауу“, а вие веднаш одговарате: „Терминот е на 10, машко е, да, прво дете ми е, да голема сум и да, едвај чекам да излезе“.
– Го прегледувате својот календар по петпати на ден и броите уште колку дена/недели останаа до терминот, иако ништо не се сменило од пред неколку часа.



912

X