Министерството за здравство соопшти дека денеска се регистрирани 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваале во домашни услови. До 12 часот, потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава, 9 во Куманово, по 8 во Скопје и Охрид, 5 во Прилеп, по тројца во Тетово и Велес и еден нов заболен има во Кочани.

МЗ извести дека починале двајца пациенти позитивни на КОВИД-19.
– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети – информира МЗ.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.

Бројката на вкупно заболени во земјава е 1207, од кои активни случаи се 977. Излечени се 179 граѓани.
Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава.

– Скопје 8
– Куманово 9
– Прилеп 5
– Тетово 3
– Велес 3
– Охрид 8
– Кочани 1
Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.


912

X