Образование

14-годишниот Филипо Алберто Роси победник на битолскиот „Пијано фест“

Четиринаесетгодишниот Италијанец Филипо Алберто Роси е прогласен за најдобар пијанист на годинашното 3. издание на Меѓународниот натпревар „Пијано фест“.

Десетгодишниот Жонгшу Чен од Кина беше избран за најперспективен млад пијанист на фестивалот, кој се одржа онлајн и го организира Здружението „Пијано“ од Битола.

На „Пијано фест“ учествуваа 100 млади пијанисти од 19 држави во светот. Со одлука на жирито, освен Росо и Чен, во различни категории прва награда на „Пијано фест“ во Битола освоија Рељана Врапи (8 г.) и Кристел Караѓози (16 г.) од Албанија, Јована Арсовска (17 г.) и Јован Наставски (18 г.) од Македонија, како и други учесници од светот кои поради актуелната пандемија, не допатуваа во Битола.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top