Градинките и училишта се затворени, па многу деца мораат да седат дома поради епидемијата, а голем број родители ја преместија канцеларијата во својот дом.

Така, 24 часа сте со вашите деца. Ви пренесуваме забавни знаци дека премногу време поминувате со вашите деца:

1. Кога вашето тригодишно дете ви вели дека сака нешто да се напие затоа што е жедно, а вие му велите: „Да, прекрасно ја нацрта ракетата!“

2. Кога ќе видиш еден куп книги на шкафчето, имаш чувство дека одамна си уживала во нив, а сега не можеш ни да се сетиш за што служат.

3. Се тушираш не затоа што си валкана (а си), туку затоа што сакаш промена на околината.

4. Веруваш дека лего-конструкцијата што денес ја изгради со твоето петгодишно дете е можеби најдоброто нешто што некогаш си го направила во животот.

5. Ручаш во 10 часот.

6. Твоите реченици не се логични.

7. Само висиш околу бањата.

8. Кога мажот ти се спрема за одење во град, само го зграпчуваш за рака и му велиш: „Ако сега излезеш, повеќе не враќај се!“

9. Децата јадат мафини за појадок, ручек и „десерт после ручекот“.

10. Си изела цело пакување слатки.

11. Додека стоиш на прозорецот и гледаш во далечината, сфаќаш дека соседот може да те види полугола.

12. Почнуваш да се грижиш дека кучето е депресивно.

13. Го гледаш кучето в очи и му велиш: „Едноставно повеќе не знам што да правам“, а кучето ти одговара: „Можеби треба да облечеш панталони“.

Автор: Карина Шиџрак

Извор



912

X