Тринаесетмесечно бебе од Тетовско е трета жртва од компликации предизвикани од мали сипаници, морбили. Од Министерството за здравство информираат дека бебето починало вчера во вечерните часови на Клиниката за детски болести. Бебето не било вакцинирано.

Вчера Министерството информира и за починато дете од Свети Николе, а претходно битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе.

Фото: ukdetskibolesti.mk

– Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, која настапи како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП-вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет – велат оттаму.



912

X