Односот со свекрвата за 40 отсто од снаите е комплициран и често проблематичен, а најголема вознемиреност предизвикуваат нивните „добронамерни“ совети и мешање во односот со сопругот. Читателките на „Хафингтон пост“ споделиле неверојатни работи кои ги чуле од своите свекрви:

– Свекрва ми на својот профил на „Фејсбук“ објави видео за вежбање и ме означи мене. Напишала „Сега веќе немаш изговор да не вежбаш“.

– Свекрва ми ми рече: „Знам дека сакаш деца, но веќе си навистина стара“. Инаку, немам ниту 35 години.

– Мојата сега веќе поранешна свекрва пред 3 години ме нарекуваше по името на првата сопруга на мојот маж.

– Мојата свекрва украде дел од нашите покани за свадбата за да им ги прати на луѓето кои немавме намера да ги поканиме. Сакавме мала свадба со луѓето кои ги познаваме и кои ни се драги. На крајот не знаевме половина од гостите.

– Свекрва ми ме праша дали мислам дека балерините во „Оревокршачка“ се прекрасни, а јас одговорив дека се. Потоа ме праша дали некогаш сум вежбала балет. Реков дека не, а нејзиниот одговор беше. „Така и си мислев, балерините многу добро се грижат за своето тело“.

– Кога мојот свршеник им соопшти на своите родители дека ќе се венчаме, неговата мајка беше разочарана. Го праша дали навистина сака да се ожени со мене. Го праша дали ме сака повеќе од Ејми, на што тој со чудење ја праша дали мисли сериозно. „Но, јас навистина ја сакав Ејми. Ми недостига“, рече таа. Ејми е поранешната девојка на мојот свршеник, со која ја прекинал врската пред 6 години.

– Мојата свекрва е многу негативна за сè и во сè гледа само лошо. Кога ќе дојде кај нас, секогаш само се жали. Во една пригода го посетивме Музејот на холокаустот, во кој беше изложена нацистичка пропаганда. На излезот од музејот вработениот нè праша како ни се допаднала изложбата, а свекрва ми одговори дека не ѝ се допаѓала. „Беше премногу депресивно. Мислам дека имаше премногу нешта за Хитлер“ – рече таа.

– Реков дека не сум љубител на фудбал, на што мојата свекрва рече дека само паметните луѓе сакаат фудбал.

– Мојата свекрва толку ме мрази, што не сака да признае ни дека постојам. Единствена предност е тоа што не морам да ги слушам нејзините омаловажувања.

– Првото нешто што ми го рече свекрвата кога останавме сами беше: „Чудно ми е што не си црвенокоса, мојот син паѓа на жени со црвена коса“. Не ѝ останав должна: „Навистина чудно и јас паѓам на црвенокоси“.

– Свекрва ми ме нарече вавилонска проститутка откако дозна дека живеам со нејзиниот син. Инаку сме пар уште од средно училиште и бевме во врска 6 години пред да почнеме да живееме заедно. Нејзиниот став кон мене сега е малку подобар бидејќи имаме дете, односно нејзин внук.

– Свекрва ми на сега веќе мојот поранешен сопруг му препорача да се пријави во емисија за запознавање партнер. Седев покрај него и реков: „Но, тој веќе е во брак“. А таа рече: „Па можеби ќе запознае некоја нова“. Ја мразам таа жена.

Автор: Британи Вонг

Извор



912

X