Од Министерството за здравство соопштија дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на заразени со коронавирус во земјата, од кои седум во Скопје и пет во Куманово.

– Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 148 лица, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти – истакнуваат од Министерството.

Оттаму додаваат и дека според местото на живеење, досега заразени со коронавирус има во седум града, и тоа:
– Скопје (88)
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Куманово (8) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)



912

X