Кога се чувствуваш лошо, исцрпено или тешко – лесно се заборава колку бременоста е неверојатна. Ако ти е потребен потсетник или едноставно сакаш да знаеш повеќе за своето неродено бебе, прочитај ги овие неверојатни работи за кои можеби не си свесна, а кои се случуваат во твојот стомак, токму сега!

1. На твоето бебе веќе му растат влакна

Колку и да звучи чудно, секое бебе развива мал мустаќ во матката. Тие влакненца, познати под името лануго – се меки, а се работи за првите влакна што ги произведуваат фоликулите, обично во петтиот месец од бременоста, по што постепено се шират по целото тело. На крајот, твоето бебе ќе ги изеде, а по породувањето ќе ги излачи преку првиот измет, односно мекониумот.

2. Твоето бебе има повеќе коски од тебе

Коските на бебето почнуваат да се развиваат од 13-тата до 16-тата недела по зачнувањето. До своето раѓање бебето ќе има 300 коски во своето минијатурно тело, додека возрасните имаат само 206. При растењето некои коски се спојуваат, а еластичните ‘рскавици му помагаат на бебето полесно да помине низ родилниот канал.

3. Срцето на твоето бебе е неверојатно

Во просек, потребен е еден месец за бебето да се развие и да почне да го користи своето срце. Веќе на првиот ултразвучен преглед ќе можеш да чуеш како чука срцето на бебето со воедначен ритам и тоа околу 150 пати во минута, а додека е во матката, тоа ќе се менува од 120 до 160 отчукувања. Неверојатно!

4. Твоето бебе може да плаче

Бебето плаче во матката, а тоа почнува да се случува околу 26-тата недела од бременоста. Не грижете се, со оглед дека плачењето е важна комуникациска алатка на бебето, целосно е разбирливо да ја усовршува својата техника пред да дојде на овој свет!

5. Твоето бебе мисли дека си многу духовита

Иако не можат да се смеат, се чини дека бебињата реагираат на мајчиното смеење со лесно потскокнување горе-долу. Тоа се случува околу 32. недела по зачнувањето.

6. Бебето би можело да скока

Од 23-тата недела твоето бебе може да се препне од ненадејни звуци, како кивање. Неодамнешно истражување открило дека ѕвонењето на мобилниот телефон ги вознемирува, па дури и ги нервира бебињата во стомакот.

7. Твоето бебе веќе го учи јазикот

Неверојатно, но бебињата ги впиваат ритамот и интонацијата на мајчиниот говор уште од матката. Стручњаците сметаат дека може да се уочи разлика меѓу развивањето на јазикот кај бебињата врз база на нивното грготење.

8. Твоето бебе почнува да сонува уште во стомакот

Бебињата почнуваат да спијат четири недели по зачнувањето. Но, ова е уште поинтересно: во 30-тата недела од бременоста се откриени постојани и неправилни и случајни движења со очите кај бебето во матката, истите што се јавуваат во РЕМ-фазата при спиењето кога низ мозокот ни поминуваат комплексни слики и информации, што значи дека бебињата почнуваат да сонуваат уште во текот на бременоста!

9. Твоето бебе може да ги намириса истите работи како и ти

Ако можеш да намирисаш нешто што мириса непријатно, веројатно и твоето бебе може да го намириса истото. Се верува дека од 28. недела бебињата можат да ги мирисаат истите работи како мајката. Во оваа фаза бебињата може да почнат да се движат наоколу и да прават гримаси ако намирисаат нешто непријатно.

10. Твоето бебе веќе сака слатко

Знаеме дека бебињата можат да откријат вкусови во матката бидејќи храната што ја јадете го менува вкусот на амнионската течност. Но од 15. недела бебињата покажуваат склоност кон слатки вкусови така што голтаат повеќе течност кога е нешто слатко, а помалку кога е горко.

11. Твоето бебе веќе го вежба својот уринарен систем

Некаде околу 12-тата недела бебињата почнуваат да создаваат урина. Бебето ја голта плодовата вода, која притоа поминува низ системот за варење во бубрезите, се прочистува и се враќа назад во амнионската течност како урина. На тој начин бебињата ги вежбаат своите системи за уринирање пред породувањето!

12. Твоето бебе нема формирани колена

Твоето бебе нема да развие чашка на коленото додека е во стомакот. Бебињата се раѓаат без формирани чашки на колената, кои се развиваат по раѓањето, обично околу шестиот месец од животот. Токму поради овој интересен факт, бебињата може да паднат на колена, а да не чувствуваат преголема болка.



912

X