Навистина, родителството е пат на откритија. Мајките на интернет ги споделуваат промените – добри и лоши – што ги изненадиле откако добиле деца.
1. Никогаш повеќе патувањето нема да ви биде лесно
– Порано пакував козметички продукти, книги и убави нешта. Сега луѓето зјапаат кога јас и сопругот се појавуваме со трите деца, пет куфери, три седишта за во автомобил и што уште не на аеродром.
2. Ќе откриете нови вештини што ќе ви бидат од помош
– Како да го дадете оној строг поглед.
3. …и скриени таленти
– Имам талент да бидам повеќе будалеста отколку што мислев дека можам да бидам.
4. Ќе создадете нови пријателства
– Откако го добив синот, мојот социјален живот се прошири и е брилијантен.
Како моето трето дете ме промени како родител
5. Голем дел од вашиот мозок ќе биде исполнет со „глупости“
– Имаше фаза во животот на син ми кога можев да го покажам секој јавен тоалет во секој град во кој одевме.
6. Времето ќе стане флексибилен концепт
– Порано мислев дека спиењето до 10 часот наутро е беспотребно лежење. Сега беспотребно лежење е и во 7 часот наутро. Не разбирав колку тешко ќе биде да се облечам и да излезам од домот само за да купам млеко.
7. Ќе бидете исцрпени речиси цело време
– Не знам што значи тоа некогаш да не бидам на должност. Сега тишината ја ценам многу повеќе.
8. Ќе ги цените малите работи
– Божиќ повторно стана магичен.
Фасцинантни портрети на жени пред и по породувањето: погледот, енергијата, зрелоста, сè е различно
9. Ќе се плашите, но сепак ќе дејствувате
– Откако ги добив моите две ќерки, можам да се справам со секој инсект во домот – не врескам повеќе и не се кријам во соба. Го изгубив чувството на гадење од крв, валканост, повраќање и фекалии – сега можам ефикасно сè да исчистам, па дури ја импресионирам и мајка ми.
10. Она што го подразбирате под „недолично зборување“ ќе се промени
– Не очекував дека толку многу ќе зборувам за голема нужда.
11. Ќе бидете чувствителни
– Плачам за сè сега. Бев смирена личност што се контролира, но сега секој емоционален момент ми предизвикува кнедла во грлото.
12. Ќе научите да не се нервирате за ситници
– Во ред е ако има садови што треба да ги измиете. Ќе ја завршите обврската кога ќе можете, а ако не се случи тоа веднаш, и тоа е во ред“.