Според бајките и според часовите по историја, кралските деца спиеле на свилени перници, јаделе од златни чинии, и целиот ден го поминувале во забава.
Порталот Bright Side реши да провери како се воспитуваат најпознатиот принц и принцеза – Џорџ и Шарлот, децата на војводата и војвотката од Кембриџ.

12. Титулата не е причина да имаш идеален начин на живот

Во семејството на војводата и војвотката од Кембриџ има само една дадилка што им помага околу децата. Сите обврски, како што се хранењето, бањањето и прошетките на децата, ги извршуваат родителите. Покрај тоа, Вилијам работи како пилот на хеликоптер за итни медицински услуги, и децата се свесни за тоа.

11. Почитувајте ја работата на другите луѓе

Правнуците на кралицата Елизабета уште од најмали нозе учат дека работата на секое лице треба да се почитува, без разлика дали се работи за мајка што подготвува вечера или, пак, за куќната помошничка што ја чисти куќата. Поради ова, Џорџ и Шарлот знаат дека треба да ја ценат приготвената храна и дека сами треба да ја собираат својата расфрлана облека.

10. Семејството е најголем приоритет

Иако се мали, Џорџ се грижи за својата помала сестра, а војвотката вели дека тие стануваат најдобри другари. Тие ја знаат историјата на своето семејство и често го посетуваат гробот на својата баба, принцезата Дијана. Кејт и Вилијам се обидуваат да поминат колку што е можно повеќе време со своите деца. Џорџ, на пример, сака да разговара за сè со својот татко, а Шарлот сака да готви заедно со мајка си.
Кога имаат вечера, децата седат заедно со возрасните.

9. Секој има право слободно да ги изразува своите мисли и чувства

И покрај традицијата на воспитување „воздржани“ луѓе во кралското семејство, Кејт и Вилијам активно развиваат емоционален интелект кај своите деца.
– Гледајќи како децата комуницираат едни со други во училиште, разбирам дека живееме во сосема поинакво време. Ние сме заменети од генерација која не се плаши да објави работи што навистина ја загрижуваат – вели принцот Вилијам.

8. Образованието е на прво место

Читањето книги им е омилена активност на принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Кејт многу често ги носи на изложби и во музеи. Омилен музеј им е Музејот на природна историја во Лондон.

– Децата многу сакаат да доаѓаат тука и верувајте ми тоа не е само заради диносаурусите – вели војвотката.

7. Потребно е да сакаат спорт

Војводата и војвотката сакаат спортови. Кејт е љубител на хокеј на трева, а Вилијам сака да игра фудбал, кошарка и поло. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот сè уште не покажале интерес за спорт, но нивните родители се сигурни дека децата ќе ги следат нивните стапки во иднина.

6. Треба да се покажат добри манири во јавноста, без разлика на возраста

Постојат строги правила за однесување, дури и за кралските деца. Ако принцот и принцезата се многу непослушни, тие ќе останат дома дури и за време на официјална пригода.

5. Може да се одморите дома

– Тие сè уште не скршиле некоја коска, но секогаш се обидуваат да го направат тоа. Џорџ секогаш трча околу куќата. Ве молам кажете ми дека по некое време работите ќе станат полесни – вели принцот Вилијам.

4. Физичките казни се недозволени

Без разлика колку лошо се однесуваат децата, Вилијам и Кејт никогаш не користат физички казни. Тие имаат свои методи за да влијаат врз своите деца. Ако Џорџ има тантрум, неговата мајка веднаш наоѓа начин да му го одвлече вниманието, на пример, со гласно пеење. И понекогаш и самата паѓа на подот и почнува силно да вика. Обично ова помага и децата се смируваат.

3. Таблетите и компјутерите се играчки за возрасни

Џорџ и Шарлот најчесто го минуваат времето надвор, во возење велосипеди. Тие се ограничени во користењето електронски уреди. Кејт и Вилијам мислат дека овие уреди се посоодветни за постари, додека скокањето со јажиња, играње топка и други игри на отворено се најдобрите помагачи за развивањето на фантазијата и имагинацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

@kensingtonroyal released this beautiful Christmas photo of the Cambridges today ? the photo was taken by Matt Porteous at Amner Hall.

A post shared by Kate Middleton (@duchesskatephotos) on

2. „Да“ за цртани филмови

Гледањето телевизија е дозволено во семејството. Сепак, постои одредено време за тоа. Кралските деца веќе имаат свои омилени ликови; Шарлот честопати ја гледа прасето Пепа, а Џорџ го обожава пожарникарот Сем.

1. Кејт и Вилијам се за разумна потрошувачка

Тоа е првенствено изразено во одбивањето да се купат нови модни предмети. Многу често може да ги видите принцот Џорџ и принцезата Шарлот облечени во облека што ја носеле нивните родители, често дури и во облека од нивниот чичко Хари.
Ако е потребно да се купи нешто ново, војвотката избира демократски брендови, игнорирајќи ги луксузните модели.



912

X