Игротека

Концерт, летно кино и дружење со омилените Биби и Боби

Летниот распуст станува уште повозбудлив! За сите обожаватели на најомилениот детски свет во Македонија, пристигнува одлична вест, на 12 јули, со почеток во 12:00 часот, „Дајмонд мол“ ќе биде домаќин на најголемата и највесела летна забава со Биби и Боби!

Ова е совршена можност за децата да ги остават екраните, да ги повикаат своите другарчиња и да поминат еден незаборавен ден исполнет со квалитетни содржини и креативна игра.

Што сè ги очекува дечињата на оваа незаборавна дружба?

Организаторите подготвија богата програма која ветува забава за секоја возраст:

  • Голем концерт со Биби и Боби: Децата ќе имаат можност во живо да пеат и да танцуваат на омилените хитови кои веќе секојдневно се слушаат во секој дом.
  • Летно кино со „Светот на Биби“: Специјално филмско доживување за сите љубители на македонските анимирани цртани филмови.
  • Слики и прегратки со омилените маскоти: Најмладите ќе можат да се дружат и да се фотографираат со нивните херои, создавајќи спомени за цел живот.
  • Едукативни друштвени игри: Совршен начин за развивање на логиката, тимскиот дух и социјалните вештини низ забава.
  • Голема размена на сликички: Сите мали колекционери се поканети да ги понесат своите албуми! Ќе се разменуваат сликички од хит-колекциите „Сказните на Биби“ и „K-Pop Demon Hunters“.

Влезот е слободен. Спремете ги дуплите сликички и подгответе се за вистинска летна забава. 

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top