12-годишниот Сем Куш знае колку е тешка пандемијата за постарите лица. Многу постари луѓе, како неговите баба и дедо, со месеци не ги виделе своите семејства и сега претстои борба за пронаоѓање вакцини. Така ученикот од 7. одделение од Скарсдејл во Њујорк пронашол начин да им помогне на другите што можеби не се толку снаодливи на интернет. Куш вели дека првпат видел како татко му им помага на бабите и дедовците и соседите да закажуваат состаноци.

– Веќе размислував за проектот за Бар мицва и мислев дека тоа не може да биде така тешко. Одлучив да им помогнам – изјавил Сем.

Рекол дека неговиот проект требало да ѝ помогне на заедницата и прво помислил дека ќе даде донација, а потоа сфатил дека изработката на веб-страницата би можела да им помогне на уште поголем број луѓе. Така, минатиот месец, користејќи образец од „Гугл“, ја создал „Ваксин Хелпер“, веб-локација која на луѓето од Њујорк им помага да утврдат дали исполнуваат услови и да добијат состанок за вакцина. Штом ќе дознаат дека исполнуваат услови, квалификуваните граѓани може да пополнат основни информации потребни за закажување состанок. На неговата веб-страница се собираат информации и се резервира поединечни состаноци за вакцини за секое лице што ќе се пријави.

Досега закажал повеќе од 1.600 состаноци за квалификуваните граѓани, а неговата веб-страница брзо пораснала.

„Тоа би можело да потрае ден или два, но обично можеме да закажеме состанок за еден ден“, рекол Сем. Покрај помошта кон постарите да закажат вакцинирање, Куш исто така закажува состаноци за некои наставници и луѓе со здравствени состојби кои се изложени на поголем ризик. „Секој што исполнува услови може да добие вакцина (закажување) од мене, но јас повеќе сакам младите да го прават тоа бидејќи најверојатно го можат и самите. Сè што треба да направат е да поминат малку време освежувајќи ја страницата“, рекол Сем.

„Сакам да им помогнам, но сигурно има постари лица што имаат потреба од поголема помош“. 12-годишникот вели дека добил безброј мејлови од благодарни луѓе кои добиле вакцина благодарение на неговата помош. „Навистина е неверојатно, само да ги видите постарите како можат да си го живеат животот без да бидат во постојаната опасност“, рекол Сем. Откако не ги видел своите баба и дедо толку долг период, тој сигурно може да разбере што всушност значи семејствата конечно да можат да се видат и да се соберат на безбедно. „Луѓе ми велеа дека конечно си ги виделе внуците првпат по долго време. И тоа е неверојатно, бидејќи е многу тешко ако не можете да ги видите внучињата“, заклучува Сем.

Автор: Кејтлин О’Кејн

Извор



912

X