Игротека

12-годишно момче дизајнира практична алатка за заштита од Ковид-19

Дванаесетгодишно момче од Сан Франциско измислил решение за проблемот со микроорганизмите во јавноста за време на пандемија.

Мизан Рупан-Томпкинс ги видел своите родители како се обидувале да не ја допрат рачката кога сакале да ја отворат вратата, па затоа тој дизајнирал алатка слична на јадица и го усовршил прототипот на неговиот 3Д-печатач.

Наречена „Сејф тач про“, со алатката може да се пишува на тастатурата на банкомат, на касите или на бензинските пумпи.

-Ја создадов за моите родители, но сега им помага на сите – вели тој.

Неговата алатка е од растителна пластика која е отпорна на микроорганизми.

– Сакав да биде добар за околината и вирусот да не преживее на него – објаснува тој.

Момчето веќе има создадено различни производи, од свој компјутер до негова „Алекса“ заедно со робот што може да ги погоди возраста, полот и емоциите за неколку секунди.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top