Игротека

12-годишно девојче заработува 200.000 долари годишно

Младата дизајнерка Керис Роџерс може нема доволно години за да се смета за тинејџерка, но без разлика на тоа таа има армија од купувачи и обожаватели на нејзината работа, која испраќа посебна порака.

– Отсекогаш сонував да станам дизајнер, но не знаев кога е вистинското време за тоа. Сè започна кога мојата сестра ја постира мојата фотографија во фустан со хаштаг #FlexinInHerComlexion. Помислив дека многу ми се допаѓа изреката, дека сакам да дизајнирам облека, и кога ги споив двете работи, го добив името на мојот бренд – објаснува младата дизајнерка.

 

Нејзината модна линија “Flexin In My Comlexion“ се базира на парчиња облека чија цел е да направи сите да се чувствуваат удобно во сопствената кожа. Брендот е многу млад, создаден е во април минатата година, но Керси успеа да заработи повеќе од 200.000 долари за една година. Во меѓувреме таа стана амбасадор на брендот „Најк“ и е најмладиот дизајнер што е претставен на Модната недела во Њујорк.

За оние што се прашуваат какво значење има името на нејзиниот бренд, тоа би значело „да се чувствувате добро во својата кожа“. Керис ја произведува својата облека во својата гаража, каде што се извршуваат печатењето, пакувањето, нарачувањето…


Талентираната девојка не крие дека имала проблеми со расизмот додека растела, признала дека нејзините врсници ја нарекувале „мртва лебарка“, ѝ велеле дека изгорела во рерна.

– Практично, овој бренд не зборува за тоа што другите го мислат за тебе, туку што ти мислиш за себе. Буквите на блузите се големи и болдирани за сите да ја видат пораката што ја испраќам – објаснува Керис.

Луѓето секојдневно ѝ испраќаат пораки и ѝ раскажуваат дека и тие се нашле во слични непријатни ситуации, а Керис на сите им кажува дека не се сами и дека најважно е да се шири позитивна енергија.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top